Beckman Coulter MicroScan B1016-138 Manuel D'utilisation page 324

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
Мерач на заматеноста
Вртeжна мешалка
Хартија за бар-код лепенки (B1018-129)
Капаци за садови WalkAway (B1018-18)
ПОСТАПКА
Подготовка на панел
1. Извадете ги панелите што ќе се користат од склад. Не користете ако е загрозен интегритетот на амбалажата
(незапечатена, продупчена или скината).
2. Исечете ја ќесичката и извадете го панелот. Ако е чуван во фрижидер, веднаш извадете го панелот од ќесичката
со фолија.
3. Панелите не треба да се користат ако постои некој од следниве услови:
A. Нема десикант или е скршен.
B. Бунарчињата на панелите ја губат бојата (на пример, PHO, различни антимикробни средства).
4. Почекајте панелите да се урамнотежат на собна температура пред рехидратацијата. Панелите може да бидат
наредени и покриени со чист капак од садот. Сите отворени панели треба да се користат истиот ден или да се
фрлат.
Подготовка на инокулум
CLSI препорачува периодична проверка на густините на инокулумот со пребројување на колониите. За препораки за
пребројување на колониите, видете го документот на CLSI, M07-A10. Очекуваните резултати за E. coli ATCC 25922
треба да бидат блиску до 5 x 10
подготовката на инокулумот, особено со рачните методи што зависат од техниката, како што е системот Prompt или
инокулумот подготвен без помош на фотометриски уред.
Напомена: Техниките за фазата за запишување и за стационарната фаза не се поддржани со производите MicroScan.
1. Стандардна техника на заматување – Примарен метод на инокулум
Стандардната техника на заматување се препорачува за директна инокулација на сите аеробни грам-позитивни
коки или за детекција на стафилококи резистентни на метицилин.
A. Со помош на стерилно стапче за апликација, јамка или стапче со памук за земање брис, допрете ја
површината на 4-5 големи или 5-10 мали морфолошки слични, добро изолирани колонии од 18-24-часовна
неинхибирачка плоча на агар.
B. Емулзирајте во 3 mL вода за инокулум (автоклавирана дејонизирана вода).
C. Цврсто затворете и 2-3 секунди мешајте ја суспензијата во вртежната мешалка. Крајната заматеност
треба да биде еквивалентна на заматеноста според Макфарландовиот стандард на заматеност 0,5.
Еквивалентна заматеност може да се постигне со користење на MicroScan мерач на заматеност со опсег
0,08 ± 0,02.
D. Со пипета додајте 0,1 mL (100 μL) од стандардизираната суспензија во 25 mL вода за инокулум со
средството PLURONIC. Затворете цврсто. Превртете од 8-10 за да се измеша.
2. Систем Prompt
Системот Prompt може да се користи за побрзо растечките грам-позитивни коки. За соодветно користење на
системот Prompt, видете го Prompt Inoculation procedural manual (прирачникот за процедурална инокулација
Prompt).
Напомена: Користете внимателно. Недоволна инокулација може да настане со организми што не го исполнуваат
барањето за големина и би можела да предизвика погрешни резултати на тестовите за чувствителност и
идентификација. Исто така, вредностите на колонијата на стафилококи може да се зголемат со методот Prompt
и може да бидат поголеми од очекуваниот опсег од CLSI. Зголемените вредности на колонијата може негативно
да влијаат врз антибиотските резултати што се под влијание на инокулумот. Податоци за антимикробните
средства за кои е познато дека зависат од инокулумот видете во делот Ограничувања.
Рехидратација/инокулација на панел
Рехидратација и инокулација се спроведуваат со системот RENOK со Inoculators-D (B1013-4). Упатство за употреба
побарајте во документот RENOK Operator's Manual (Упатство за операторот RENOK). Ако се користи алтернативен
систем, извршете рехидратација со 115 μL ± 10 μL вода за инокулум (PLURONIC). Треба да се постигне конечна
концентрација во бунарчето од 3-7 X 10
треба да се подготви чиста плоча со нанесување на инокулум на соодветна плоча на агар и инкубирање во соодветните
услови. Ако на чистата плоча се присутни два или повеќе вида колонии, повторно изолирајте ги колониите и повторно
тестирајте ги.
C29870–AD
5
CFU/mL за финални тест-концентрации.
5
CFU/mL. За да се обезбеди одржливост и чистота на тестираниот организам,
324 of 339
1
Корисникот треба посебно да внимава на

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières