Beckman Coulter MicroScan B1016-138 Manuel D'utilisation page 326

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
Инкубација
24-48 часа
1. 24-часовна инкубација не е потребна за видот Staphylococcus за панелите што содржат бунарче со скрининг за цефокситин.
E. Ефектите на ванкомицинот на панелите MicroScan беа споредени со методите со раствор на микробујон
што се препорачуваат од CLSI. Резултатите на ванкомицин со стафилококи по инкубација од 16-20 часа
(18-20 часа за читања со инструментот autoSCAN-4) беа споредливи со резултатите добиени за 24 часа со
референтниот метод.
F.
За панелите што содржат само оксацилин: стафилококите треба да се пријават како резистентни
(без оглед на MIC) на ампицилин, амоксицилин/К клавуланат, ампицилин/сулбактам, ертапенем,
имипенем, меропенем, пеницилин, пиперацилин/тазобактам, тикарцилин/К клавуланат и цефалоспорин
антимикробни средства (освен цефтаролин) кога MIC се >2 μg/mL за S. aureus и за S. Lugdunensis, a ≥0,5
μg/mL за коагулаза-негативни стафилококи, освен S. lugdunensis.
G. За панелите што содржат оксацилин и бунарче со скрининг за цефокситин (CfxS): стафилококите треба
да се пријавуваат како резистентни (без оглед на MIC) на ампицилин, амоксицилин/К.
ампицилин/сулбактам,
тикарцилин/К. клавуланат и цефалоспорин антимикробни средства (освен цефтаролин) кога CfxS е >4
μg/mL за сите стафилококи или MIC на оксацилин се >2 μg/mL за S. aureus и S. lugdunensis или оксацилин
е ≥0,5 μg/mL за други коагулаза-негативни стафилококи.
За коагулаза-негативни стафилококи, освен S. lugdunensis, кога CfxS е ≤4 μg/mL, а оксацилин MIC е 0,5,
статусот mecA се покажува како негативен и толкувањето на оксацилинот ќе биде пријавено како S*; кога
CfxS е ≤4 μg/mL, а оксацилин MIC е 1 или 2, статусот mecA е променлив и мора да се проверува пред да
се пријавуваат овие антимикробни средства како подложни.
H. За бунарчиња што содржат аминогликозиди (на пример, гентамицин) и макролиди (на пример,
еритромицин), растот може да не биде толку тежок како кај контролните бунарчиња за раст поради
разликите во базалните медиуми. Треба да се внимава при толкувањето на овие резултати.
I.
Во некои комбинации на лек/организам, може да се забележи „ефект на опашка". Следењето (опашката)
со триметоприм/сулфаметоксазол (T/S) со употреба на Системот за рехидрирање/инокулација RENOK се
должи на концентрацијата на инокулумот. Крајната точка треба да се чита како најниска концентрација што,
кога ќе се спореди со бунарчето на раст, покажува:
a.
Приближно 80% намалување на растот (T/S)
b.
Бело копче што е во пречник помалку од 2 mm или
c.
Бело копче што е полупроѕирно.
J.
Незначителна магла може да се забележи со флуорокинолон – класа антимикробни средства (на
пример, ципрофлоксацин, норфлоксацин, офлоксацин) кога се користи методот Prompt на инокулација и
стафилококи, вклучително и организам за контрола на квалитет S. aureus ATCC 29213. Ова НЕ треба да
се толкува како раст.
K. Ако некој организам не расте во бунарче за слободен раст на тимидин (TFG), MIC не треба да се пријавува
T/S.
6. Читање на супстратите за идентификација
A. Прочитајте ги сите супстрати за идентификација со бела заднина, освен CV, MS, NOV, OPT, NACL и BAC,
кои треба да се читаат на црна (индиректно осветлена) заднина.
B. Резултатите IDX и PHO се запишуваат по 16-20 часа инкубација.
C. Панелите со негативен PGT и со помалку од 3 позитивни јаглехидрати треба да бидат повторно инкубирани
дополнителни 24 часа пред да се направи конечно читање и идентификација.
D. Само кај панелите што имаат 3 јаглехидрати или позитивна реакција PGT треба да се додадат реагенси по
16-20 часа. Додајте реагенси по 40-44 часа без оглед на бројот на позитивни тестови.
E. Пред да додадете реагенси, запишете ги сите позитивни реакции.
F.
Додајте реагенси како што следува:
1) Додајте 1 капка 40% калиум хидроксид (KOH) и 1 капка 5% алфа-нафтол во бунарче со VP. Почекајте
најмалку 20 минути пред читањето за да се развие VP-реакција.
2) Додајте по 1 капка 0,8% сулфанилска киселина и 0,5% N, N-диметил-алфа-нафтиламин во бунарче со
NIT. Почекајте најмалку 5 минути пред читањето за да се развие NIT-реакција.
C29870–AD
Организам
Стрептококи
Ентерококи
ертапенем,
имипенем,
2
Антимикробни средства
Скрининг за синергија на
канамицин
Стрептомицин-синергија
меропенем,
326 of 339
пеницилин,
пиперацилин/тазобактам,
клавуланат,

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières