Ethicon Echelon Flex Mode D'emploi page 281

Table des Matières

Publicité

Предупредувања и мерки на претпазливост
Минимално инвазивните постапки треба да ги вршат само лица со соодветна обука и познавања за минимално инвазивни
техники. Прочитајте медицинска литература поврзана со техники, компликации и опасности пред да вршите каква било
минимално инвазивна постапка.
Минимално инвазивните инструменти може да се разликуваат во дијаметaрот кај различни производители. Кога се употребуваат
заедно минимално инвазивни инструменти и прибор од различни производители во одредена постапка, проверете ја
компатибилноста пред да ја започнете постапката.
Кога се користат други технологии (на пр. електрокаутеризација) во постапката, земете ги предвид мерките на претпазливост што
ги предлага производителот на оригиналната опрема за да се избегнат опасностите поврзани со нивното користење.
Доколку не ги следите упатствата правилно, тоа може да доведе до тешки хируршки последици, како што е протекување
или расцеп.
Проверете го пакетот да не има оштетување при доставата. Не користете инструмент, батерија или влошка со оштетување
при доставата.
Кога одбирате инструмент и влошка, треба да обрнете особено внимание на постоечките патолошки услови, но и на евентуалниот
третман на кој било подложен пациентот пред хируршката интервенција, како што е радиотерапија. Одредени услови или
предоперативен третмани може да предизвикаат промена во дебелината на ткивото кои го надминуваат наведениот опсег на
дебелина на ткивото за стандарден избор на влошка.
Не променувајте ја оваа опрема без овластување од производителот.
Со инструментите или уредите што доаѓаат во контакт со телесни течности треба соодветно да се постапува за да се спречи
биолошкa контаминација.
Сојузните закони (САД) поставуваат ограничување овој уред да се продава само по налог на лекар.
Не полнете го инструментот повеќе од 12 пати за најмногу 12 активирања за еден инструмент.
Електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX може да се користи само со васкуларната бела влошка со врв за прецизно
поставување ENDOPATH ECHELON, (35 mm, 4 реда).
Треба внимателно да се процени дебелината на ткивото пред да се користи инструментот. Прогледнете во Табелата за
каталошки кодови на влошката за правилен избор на влошка.
Откако ќе го отстраните капакот за задржување на спојката, погледнете ја површината на новата влошка. Влошката мора да се
замени со нова влошка ако се забележуваат некакви сино обоени водилки. (Ако се забележуваат сино обоени водилки, влошката
не смее да содржи спојки.)
За ставање и отстранување зглобни инструменти, вилицата на инструментот мора да биде права и паралелна со телото на
инструментот. Доколку вилицата на инструментот не е во права положба, тоа може да доведе до потешко поставување или
повлекување на инструментот и на тој начин да се оштети самиот инструмент.
Кога се става инструментот со помош на трокар или со рез, избегнувајте ненамерно повлекување на црвена брава на чкрапецот
за активирање и чкрапецот за активирање. Инструментот може делумно или целосно да биде активиран и ќе треба да се наполни
повторно пред да се користи на ткивото. Доколку инструментот е делумно активиран, отстранете го инструментот и лизнете
го повратниот прекинувач за ножот нанапред за да го вратите ножот на почетната положба (Илустрација 7). За да ја отворите
вилицата, притиснете го чкрапецот за затворање, потоа истовремено притиснете го копчето за отпуштање на наковалната на
двете страни на инструментот (Илустрација 8а). Додека сè уште има притисок на копчето за отпуштање на наковалната, полека
отпуштете го чкрапецот за затворање (Илустрација 8б). Oтстранете ја влошката и вметнете нова (видете Повторно полнење
на инструментот). Ако инструментот е целосно активиран, ножот автоматски ќе се врати на почетната положба. Отстранете го
инструментот и вметнете нова влошка (видете Повторно полнење на инструментот).
Не обидувајте се да вршите вртење со стегање на предниот дел од вилицата наспроти подните подлоги затоа што може да се
оштети уредот или да се предизвика траума на ткивото.
Инструментот може да се врти најмногу до 50°. Кога ќе се достигне максималниот агол, ќе се зголеми силата на зглобната рачка
со што се дава на знаење дека е достигнат максималниот агол.
Ако се обидувате да вртите повеќе од крајот во која било насока или додека вилицата од инструментот е во трокарот, може да се
оштети инструментот.
Проверете дали ткивото е поставено рамно и правилно позиционирано во вилицата. Какво било „туткање" на ткивото покрај
влошката, особено во отворот на вилицата, може да доведе до нецелосна спојна линија.
Не користете го инструментот на паренхим на црниот дроб, на панкреасот, бубрезите или слезинката, или пак на други ткива што
не можат да се стегнат до висина на затворена спојница.
Не користете го инструментот доколку, по затворање, ткивото се протега надвор од ознаката за линија на сечење, која што
претставува минимално растојание на сечење, како што е создавањето анастомоза (Илустрација 13). Ако се случи ова, отворете
и поставете го инструментот повторно. Активирање на ткиво на врвот од вилицата може да доведе до нецелосно сечење и/или
неправилно формирани спојки.
Кога ја позиционирате спојницата на местото за примена, уверете се дека нема никакви пречки, како што се штипки, стентови,
жици-водилки, итн. во вилицата на инструментот. Активирањето кога има пречка може да доведе до нецелосно сечење,
неправилно формирање на спојките и/или неможност да се отвори вилицата на инструментот.
Ако користите други уреди за да го водите поставувањето на инструментот на ткивото, како што се катетери прикачени на
наковалната или каналот за влошката, тие други уреди треба да се отстранат пред да се врши стегање и активирање. Кој било
уред или ткиво што е стегнато со врвот од инструментот може да предизвика неправилно формирана спојка или да се спои на
целното ткиво.
Преминувањето преку спојните линии може да го скрати работниот век на инструментот.
Доколку се обидете со уредот присилно да го завршите потегот за активирање со премногу ткиво во вилицата на инструментот
или со густо/дебело ткиво во вилицата, тоа може да доведе до одолговлекување на моторот и ножот ќе запре. Ако се случи ова,
отпуштете го чкрапецот за активирање, лизнете го повратниот прекинувач за ножот нанапред (Илустрација 7), а потоа отстранете
го и наполнете го инструментот. Потоа, повторно поставете го инструментот и фатете помал дел од ткивото. Уверете се дека
се избрани правилна влошка и правилен инструмент. (Погледнете во Табела за каталошки кодови на влошката).
Ако е тешко да се заклучи чкрапецот за затворање, повторно поставете го инструментот и опфатете помал обем од ткивото.
Уверете се дека се избрани правилна влошка и правилен инструмент. (Погледнете во Табела за каталошки кодови на
влошката).
Ако механизмот за затворање стане нефункционален и вилицата не стега на ткивото, не активирајте го инструментот. Oтстранете
го инструментот и не продолжувајте да го користите.
Бидејќи моторот може да запре ако се одолговлекува, важно е да се изврши визуелна проверка за да се уверите дека се гледа
ножот во прозорецот за сечило на ножот и дека дошол до крајот на трансекцијата.
6

Publicité

Table des Matières
loading

Produits Connexes pour Ethicon Echelon Flex

Table des Matières