Ethicon Echelon Flex Mode D'emploi page 280

Table des Matières

Publicité

Проверете дали кај новата влошка има капак за задржување на спојката. Ако капакот за задржување на спојката не е на своето
25
место, фрлете ја влошката.
Внимание: Треба внимателно да се процени дебелината на ткивото пред да се користи инструментот. Погледнете во Табела за
каталошки кодови на влошката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полнењето со неправилна влошка за големината или моделот на инструментот може да доведе до
трансекција на ткивото без спојување (на пр. полнење со влошка од 35 mm во инструмент од 45 mm).
Вметнете ја новата влошка лизгајќи ја кон дното на каналната вилица додека не запре плочката за порамнување на влошката во
26
отворот за порамнување на влошката. Поставете ја влошката цврсто на своето место. Отстранете го капакот за задржување на
спојката и фрлете го. Сега инструментот е повторно наполнет и подготвен за користење (Илустрација 4).
Внимание: Откако ќе го отстраните капакот за задржување на спојката, погледнете ја површината на новата влошка. Влошката
мора да се замени со нова влошка ако се забележуваат некакви сино обоени водилки. (Ако се забележуваат сино обоени водилки,
влошката не смее да содржи спојки.)
Фрлање на батериjaта
Батеријата содржи вграден одлив на енергија и мора да се инсталира во инструментот за да се активира автоматската карактеристика
за одлив на енергија. Батеријата не треба да остане во инструментот – ќе продолжи да се празни откако ќе се отстрани од инструментот.
Откако ќе се извади, во зависност од локалните прописи, батеријата може да се стави директно во канта за рециклирање батерии или во
нормалниот отпад.
Напомена: Батериите што се користат во овој уред содржат 1,2-диметоксиетан.
Пред поставување во инструментот
Ако батеријата треба да се фрли пред да се постави во инструментот (на пр. на производот му истекол рокот назначен на
амбалажата или батеријата паднала), прво инсталирајте ја батеријата во инструментот, а потоа отстранете ја за да го активирате
вградениот одлив на енергија.
По употребата на инструментот
Батеријата треба да се отстрани од инструментот пред да се фрли.
Ако треба да се батеријата деконтаминира пред фрлање, следете го болничкиот протокол или упатствата за Чистење и дезинфекција на
батеријата дадени подолу.
За да ја отстраните батеријата, стегнете ги плочките за отпуштање и повлечете ја батеријата право наназад (Илустрација 17).
Напомена: Не е неопходно да се расклопува батеријата.
Чистење и дезинфекција на батеријата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете автоклави, етилен оксид или радијација за стерилизирање или дезинфекција на батеријата.
Рачно чистење
1
Oтстранете ја батеријата од инструментот пред чистењето.
Напомена: Батеријата не треба да се потопува во вода или во раствори за чистење.
Чистете ги површините на батеријата со детергент со неутрална pH-вредност или ензимски детергент со неутрална pH-вредност
2
подготвени според упатства на производителот.
Користетемека четка и раствор за чистење за рачно чистење на батеријата.
3
4
Местата каде што има пукнатини треба да се истријат темелно.
Исплакнете го детергентот темелно сомлака вода од чешма.
5
Извршете визуелна контрола за да утврдите дали е отстранети нечистотијата.
6
7
Ако треба, повторете го чистењето за да добиете визуелно чиста батерија.
Хемиска дезинфекција
Средствата за дезинфекција треба да се подготват и употребат според препораките од производителот. Се препорачува хемиските
средства за дезинфекција да се исплакнат со млака вода од чешма.
Simple Green D Pro 3
®
10% обелувач (раствор од натриум хипохлорит)
70% алкохол изопропил
Користени стандардни конвенции
Информациите поврзани со завршување на задачата на безбеден и темелен начин ќе се означуваат со зборовите ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ,
Внимание или Напомена. Овие изјави се наоѓаат низ целата документација.
Треба да се прочитаат овие изјави пред да продолжите на следниот чекор во одредена постапка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Изјавата за ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ означува постапка, практика или услов за работење или одржување и ако не
се придржувате строго до неа, може да доведе до лична повреда или смрт.
Внимание: Изјавата за Внимание означува постапка, практика или услов за работење или одржување и ако не се придржувате строго
до неа, може да доведе до оштетување или уништување на опремата.
Напомена: Изјавата за Напомена означува проблем, практика или услов при работата и одржувањето што е неопходен за ефикасно
завршување на задачата.
5

Publicité

Table des Matières
loading

Produits Connexes pour Ethicon Echelon Flex

Table des Matières