Ethicon Echelon Flex Mode D'emploi page 276

Table des Matières

Publicité

ECHELON FLEX™
Електрична васкуларна спојница со врв за прецизно поставување
Внимателно прочитајте ги сите упатствата.
Доколку не ги следите упатствата правилно, тоа може да доведе до тешки хируршки последици, како што е протекување или расцеп.
Важно: Овој додаток во пакетот дава упатства за употреба на електричната васкуларна спојница со врв за прецизно поставување
ECHELON FLEX™. Не е препорака за хируршки техники.
ECHELON FLEX, ENDOPATH и ECHELON се трговски марки на Ethicon Endo-Surgery.
Индикации
Електричната васкуларна спојница со врв за прецизно поставување ECHELON FLEX и нјезините влошки се наменети за трансекција
и ресекција на ткивото и васкулатурата. Инструментите се применуваат во повеќе видови отворени и минимално инвазивни општи,
гинеколошки, уролошки, торакални и педијатриски хируршки постапки.
Контраиндикации
Не користете го инструментот на аортата.
Не користете го инструментот на исхемично или некрозно ткиво.
Не користете никаков линеарен секач на главните крвни садови без да предвидите проксимална и дистална контрола.
Треба добро да се процени дебелината на ткивото пред да се активира каква било спојница. Погледнете во Таблицата за
каталошки кодови на влошката на електричната васкуларна спојница со врв за прецизно поставување ECHELON FLEX
подолу во врска со барањата за компресија на ткивото (висина на затворена спојка). Доколку ткивото не може да се стегне
удобно во висината на затворената спојка или да се стегне лесно на помалку место од висината на затворената спојка, ткивото
е контраиндицирано затоа што веројатно е предебело или претенко за спојката наведена во Таблицата за каталошки кодови
на влошката.
Овој инструмент не е наменет да се корист кога е контраиндицирано хируршко спојување.
Не користете го инструментот кога ќе се забележи употреба на материјал за засилување на спојната линија.
Не користете го инструментот доколку, по затворање, ткивото се протега надвор од ознаката за линија на сечење, која што
претставува растојание на минимално сечење, како што е создавањето анастомоза.
Не користете го инструментот на паренхим на црниот дроб, на панкреасот, бубрезите или слезинката, или пак на други ткива што
не можат да се стегнат до висина на затворена спојница.
Несакани нуспојави/преостанати ризици
Несаканите нуспојави и ризици поврзани со хируршко спојување вклучуваат можност од крвавење, повреда на ткивото, појава на
нестерилни површини или патоген трансфер, воспалителна или несакана реакција на ткивото, оштетување на опремата или животната
средина, струен удар, страно тело или некомпатибилност со магнетна резонанса. Исто така, може да се појават неочекувана потврда,
продолжена хирургија или променет хируршки пристап од неможност да се направи спојна линија, неможност за сечење или
оштетени уреди.
Опис на уредот
Влошките од електричната васкуларна спојница со врв за прецизно поставување ECHELON FLEX и Васкуларната бела влошка со
врв за прецизно поставување ENDOPATH ECHELON (35 mm, 4 реда) се стерилни уреди за употреба само на еден пациент кои што
истовремено го сечат и го спојуваат ткивото. Има четири раширени редови со спојки, по два на двете страни од линијата на сечење.
Електричната васкуларна спојница со врв за прецизно поставување ECHELON FLEX и влошките прават спојна линија што е долга
околу 35 mm и линија на сечење долга околу 30 mm. Телото може да ротира слободно во двете насоки, а механизмот за вртење му
овозможува на дисталниот дел од телото да служи како потпора за да се олесни страничен пристап до оперативното место.
Инструментот е спакуван со главна литиумска батерија што треба да се инсталира пред употреба. Постојат специфични барања за
фрлање на батеријата. Прочитајте во делот Фрлање на батеријата.
Инструментот се пакува без влошки и мора да се наполни пред употреба. Капакот за задржување на спојката на влошката ги штити
точките од нозете на спојките за време на доставата, транспортот и монтажата на влошката. Карактеристиката за заклучување на
инструментот е наменета да спречува активирање на користени или неправилно поставени влошки или инструментот да се активира
повторно без влошка.
Внимание: Не полнете го инструментот повеќе од 12 пати за најмногу 12 активирања за еден инструмент.
Табела со каталошки кодови на инструментот
Код на
Опис
инструмент
Електричната васкуларна спојница со врв за прецизно поставување ECHELON FLEX
PVE35A
Табела со каталошки кодови на влошката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Електричната васкуларна спојница со врв за прецизно поставување ECHELON FLEX може да се користи само
со васкуларната бела влошка со врв за прецизно поставување ENDOPATH ECHELON, (35 mm, 4 реда).
Висина на
Код на влошка
отворена спојка
VASECR35
2,5 mm
Висина на
Должина на
затворена спојка
спојна линија
1,0 mm
35 mm
1
Боја на влошка
Број на спојки
Бела
36
Должина на телото
320 mm
Редови со спојки
4

Publicité

Table des Matières
loading

Produits Connexes pour Ethicon Echelon Flex

Table des Matières