Ethicon Echelon Flex Mode D'emploi page 278

Table des Matières

Publicité

Напомена: Доколку повратниот прекинувач за ножот не го враќа ножот на почетната положба во кое било време (Илустрација 11б
или 11в) и не се отвора вилицата:
а. Прво, проверете дали батеријата е безбедно поставена и дали инструментот има струја (Илустрација 9); потоа обидете се
повторно со повратниот прекинувач за ножот (Илустрација 7).
б. Доколку ножот сè уште не се враќа(Илустрација 11б или 11в), користете рачни команди. Откако ќе се искористат рачните
команди на системот, инструментот е оневозможен и не може да се користи за последователни активирања. За да користите
рачни команди, отстранете го пристапниот панел означен со „Manual Override" (Рачни команди) на горниот дел од дршката на
инструментот. Ќе се гледа рачката за рачни команди. Движете ја рачката нанапред и наназад додека веќе не може да се движи
(Илустрација 10). Ножот сега ќе биде во почетната положба. Тоа може да се провери со гледање на положбата на ножот во
прозорецот за заклучување на ножот (Илустрација 11а). Фрлете ги инструментот и батеријата.
Штом ќе биде во шуплината, притиснете го чкрапецот за затворање, потоа истовремено притиснете го копчето за отпуштање
10
на наковалната на двете страни на инструментот (Илустрација 8а). Додека сè уште има притисок на копчето за отпуштање на
наковалната, полека отпуштете го чкрапецот за да повторно ja отворите вилицата и го вратите чкрапецот за затворање во неговата
првобитна положба (Илустрација 8б).
Ако треба, вртите ја вилицата со туркање на крилцата од копчето за ротирање. (Илустрација 12). Телото ќе врти оптимално кога
11
ќе биде отворена вилицата на уредот.
За да ја вртите вилицата внатре во телесната шуплина, свртете ја зглобната рачка во која било насока (Илустрација 2) сè додека
12
не се достигне еден од трите претходно одредени агли. Претходно одредените агли се на еднакво растојание сè до 50° од правата
конфигурација. Зглобното вртење во затворена положба не дава оптимална повратна реакција и контрола и може да доведе во
оштетување на инструментот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не обидувајте се да вршите вртење со стегање на предниот дел од вилицата наспроти подните подлоги
затоа што може да се оштети уредот или да се предизвика траума на ткивото.
Внимание: Инструментот може да се врти најмногу до 50°. Кога ќе се достигне максималниот агол, ќе се зголеми силата на
зглобната рачка со што се дава на знаење дека е достигнат максималниот агол.
Внимание: Ако се обидувате да вртите повеќе од крајот во која било насока или додека вилицата од инструментот е во трокарот,
може да се оштети инструментот.
Поставете го инструментот околу ткивото што треба да се спојува и водете сметка ткивото да биде проксимално на ознаките за
13
линијата на сечење, којашто претставува минимално растојание на сечење (Илустрација 13).
Внимание: Проверете дали ткивото е поставено рамно и правилно позиционирано во вилицата. Какво било „туткање" на ткивото
покрај влошката, особено во отворот на вилицата, може да доведе до нецелосна спојна линија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете го инструментот на паренхим на црниот дроб, на панкреасот, бубрезите или слезинката,
или пак на други ткива што не можат да се стегнат до висина на затворена спојница.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете го инструментот доколку, по затворање, ткивото се протега надвор од ознаката за линија
на сечење, која што претставува минимално растојание на сечење, како што е создавањето анастомоза (Илустрација 13). Ако
се случи ова, отворете и поставете го инструментот повторно. Активирање на ткиво на врвот од вилицата може да доведе до
нецелосно сечење и/или неправилно формирани спојки.
Внимание: Кога ја позиционирате спојницата на местото за примена, уверете се дека нема никакви пречки, како што се штипки,
стентови, жици-водилки, итн. во вилицата на инструментот. Активирањето кога има пречка може да доведе до нецелосно сечење,
неправилно формирање на спојките и/или неможност да се отвори вилицата на инструментот.
Внимание: Ако користите други уреди за да го водите поставувањето на инструментот на ткивото, како што се катетери
прикачени на наковалната или влошка, тие други уреди треба да се отстранат пред да се врши стегање и активирање. Кој било
уред или ткиво што е стегнато со врвот од инструментот може да предизвика неправилно формирана спојка или да се спои на
целното ткиво.
Внимание: Преминувањето преку спојните линии може да го скрати работниот век на инструментот.
14
По позиционирањето на вилицата од инструментот, затворете ја вилицата со притискање на чкрапецот за затворање сè додека
не се заклучи (Илустрација 5). Ќе се чуе звук за кликнување што дава до знаење дека се заклучени чкрапецот за затворање и
вилицата. Кога ќе се затвори вилицата на инструментот, црвената брава на чкрапецот за активирање и чкрапецот за активирање ќе
бидат изложени.
Внимание: Уверете се дека ткивото е продолжено (избиено надвор) проксимално кон проксималната црна линија од
инструментот (Илустрација 1). Ткивото кое е принудено да влезе во инструментот проксимално на црната линија може да биде
пресечено без спојки.
Внимание: Ако е тешко да се заклучи чкрапецот за затворање, повторно поставете го инструментот и опфатете помал обем
од ткивото. Уверете се дека се избрани правилна влошка и правилен инструмент. (Погледнете во Табела за каталошки кодови
на влошката.)
Внимание: Ако механизмот за затворање стане нефункционален и вилицата не стега на ткивото, не активирајте го инструментот.
Oтстранете го инструментот и не продолжувајте да го користите.
Напомена: Кога ќе се активира низ дебело ткиво, држењето на вилицата на своето место 15 секунди по затворањето и пред
активирање може да доведе до подобра компресија и формирање на спојките.
Напомена: Со применувањето притисок на зглобната рачка при затворањето може да се предизвика вртење на уредот.
Повлечете ја црвената брава на чкрапецот за активирање за да овозможите да се повлече чкрапецот за активирање
15
(Илустрација 14).
Активирајте го инструментот со повлекување на чкрапецот за активирање; моторот ќе се активира и ќе се чуе звук
16
(Илустрација 15). Продолжете да го отпуштате чкрапецот сè додека не запре моторот (повратен звучен сигнал) за да стигнете до
крајот на трансекцијата.
Внимание: Бидејќи моторот може да запре ако се одолговлекува, важно е да се изврши визуелна проверка за да се уверите дека
се гледа ножот во прозорецот за сечило на ножот и дека дошол до крајот на трансекцијата.
3

Publicité

Table des Matières
loading

Produits Connexes pour Ethicon Echelon Flex

Table des Matières