Ethicon Echelon Flex Mode D'emploi page 279

Table des Matières

Publicité

Внимание: Доколку се обидете со уредот присилно да го завршите потегот за активирање со премногу ткиво во вилицата на
инструментот или со густо/дебело ткиво во вилицата, тоа може да доведе до одолговлекување на моторот и ножот ќе запре. Ако
се случи ова, отпуштете го чкрапецот за активирање, лизнете го повратниот прекинувач за ножот нанапред (Илустрација 7),
а потоа отстранете го и наполнете го инструментот. Потоа, повторно поставете го инструментот и фатете помал дел од
ткивото. Уверете се дека се избрани правилна влошка и правилен инструмент. (Погледнете во Табела за каталошки кодови
на влошката).
Напомена: Моторот ќе забави кога уредот ќе наиде на повеќе сила.
За да ја завршите секвенцата за активирање, отпуштете го чкрапецот за активирање со цел да го активирате моторот и автоматски
17
да го вратите ножот во почетната положба каде што ќе запре моторот. Во оваа положба, инструментот е заклучен сè додека
вилицата не се отвори и затвори повторно.
Напомена: Ако треба да се прекине секвенцата за активирање или е прекината ненамерно со отпуштање на чкрапецот за време на
секвенцата за активирање, повлечете го повторно чкрапецот за активирање за да продолжите. Статусот на трансекцијата може да
се утврди со набљудување на прозорецот за сечило на ножот на долната страна од каналната вилица во текот на целата постапка
на активирање (Илустрација 1). Прекинот може да се прави често колку што треба сè додека ножот не дојде до крајот кога
отпуштањето на чкрапецот автоматски го враќа ножот на почетната положба.
Внимание: Ако се заклучи инструментот, моторот ќе запре. Отпуштете го чкрапецот за активирање и лизнете го повратниот
прекинувач за ножот нанапред за да го вратите ножот на почетната положба (Илустрација 7). Во оваа позиција, инструментот
треба да се отстрани, да се отвори и да се наполни за да продолжите. За да ја отворите вилицата, притиснете го чкрапецот
за затворање, потоа истовремено притиснете го копчето за отпуштање на наковалната на двете страни на инструментот
(Илустрација 8а). Додека сè уште има притисок на копчето за отпуштање на наковалната, полека отпуштете го чкрапецот за
затворање (Илустрација 8б). Следете ги упатствата за Повторно полнење на инструментот.
Напомена: Доколку повратниот прекинувач за ножот не го враќа ножот на почетната положба во кое било време (Илустрација 11б
или 11в) и не се отвора вилицата:
а. Прво, проверете дали батеријата е безбедно поставена и дали инструментот има струја (Илустрација 9). Потоа, обидете се
повторно со повратниот прекинувач за ножот (Илустрација 7).
б. Доколку ножот сè уште не се враќа(Илустрација 11б или 11в), користете рачни команди.
За да користите рачни команди, отстранете го пристапниот панел означен со „Manual Override" (Рачни команди) на горниот дел од
дршката на инструментот. Ќе се гледа рачката за рачни команди. Движете ја рачката нанапред и наназад додека веќе не може да се
движи (Илустрација 10). Ножот сега ќе биде во почетната положба. Тоа може да се провери со гледање на положбата на ножот во
прозорецот за заклучување на ножот (Илустрација 11а). Фрлете ги инструментот и батеријата.
Внимание: Откако ќе се искористат рачните команди на системот, инструментот е оневозможен и не може да се користи за
последователни активирања.
Внимание: Нецелосното активирање може да доведе до неисправно формирање на спојките, нецелосна линија на сечење,
крвавење и/или тешко отстранување на уредот.
Внимание: Ако механизмот за активирање стане нефункционален, не продолжувајте со користење на инструментот.
За да ја отворите вилицата, притиснете го чкрапецот за затворање, потоа истовремено притиснете го копчето за отпуштање на
18
наковалната на двете страни на инструментот. Додека сè уште има притисок на копчето за отпуштање на наковалната, полека
отпуштете го чкрапецот за затворање (Илустрации 8а и 8б).
Внимание: Ако не се отвори вилицата автоматски откако ќе го притиснете копчето за отпуштање на наковалната, прво уверете
се дека ножот е во почетната положба. Положбата на ножот може да се утврди со набљудување на ножот во прозорецот за
заклучувањењ на ножот. (Илустрација 11а). Ако ножот не е во почетната положба или не може да се утврди неговата положба,
лизнете го повратниот прекинувач за активирање на моторот за да го вратите ножот на почетната положба (Илустрација 7).
Обидете се уште еднаш да ја отворите вилицата со помош на копчето за отпуштање на наковалната на која било страна
од инструментот.
Напомена: Доколку повратниот прекинувач за ножот не го враќа ножот на почетната положба во кое било време (Илустрација 11б
или 11в) и не се отвора вилицата:
а. Прво, проверете дали батеријата е безбедно поставена и дали инструментот има струја (Илустрација 9). Потоа, обидете се
повторно со повратниот прекинувач за ножот (Илустрација 7).
б. Доколку ножот сè уште не се враќа(Илустрација 11б или 11в), користете рачни команди.
Внимание: Ако не се отвора вилицата во овој момент, присилното туркање нагоре на чкрапецот за затворање (настрана од
дршката) додека чкрапецот за затворање не се врати на својата првобитна положба може да овозможи отворање на вилицата.
Кога присилно го отворате инструментот, престанете со користење затоа што така може да се изложи ножот или да се оштети
инструментот со што се зголемува ризикот од повреда на корисникот или пациентот.
Внимателно повлечете го инструментот од пресеченото ткиво и проверете дали е отпуштено од вилицата.
19
Внимание: Проверете дали на спојните линии има хемостаза и правилно затворање со спојките. Слабото крвавење може да се
контролира со рачни шевови или со други соодветни техники.
20
Пред да ги отстраните зглобните инструменти, поместете ја вилицата настрана од каква било пречка внатре во телесната шуплина
додека е отворена вилицата и се наоѓа во видното поле, а потоа свртете ја зглобната рачка за да се вратите во права положба.
Внимание: За ставање и отстранување зглобни инструменти, вилицата на инструментот мора да биде права и паралелна со
телото на инструментот. Доколку вилицата на инструментот не е во права положба, тоа може да доведе до потешко поставување
или повлекување на инструментот и на тој начин да се оштети самиот инструмент.
За да го отстраните инструментот од шуплината, притиснете го чкрапецот за затворање додека не се заклучи со што се затвора
21
вилицата (Илустрација 5). Целосно извлечете го инструментот во затворена положба.
Повторно полнење на инструментот
22
Oтстранете ја влошката од амбалажата со помош на стерилна техника. За да избегнете оштетување, не превртувајте ја влошката
во стерилното поле.
Пред да се наполни повторно, проверете дали инструментот е во отворена положба (Илустрација 1).
23
Турнете нагоре (кон наковалната) за да ја ослободите влошката од каналната вилица. Фрлете ја користената влошка
24
(Илустрација 16).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да се повторно наполни инструментот, држете го во вертикална положба, а наковалната и каналната
вилица целосно потопени во стерилен раствор. Протресете силно, а потоа избришете ги внатрешните и надворешните површини
од наковалната и каналната вилица за да ги отстраните евентуалните неискористени спојки од инструментот. Не користете го
инструментот додека не проверите визуелно и не потврдите дека нема спојки на наковалната и каналната вилица.
4

Publicité

Table des Matières
loading

Produits Connexes pour Ethicon Echelon Flex

Table des Matières