Johnson & Johnson Biosense Webster THERMOCOOL SMARTTOUCH SF Mode D'emploi page 183

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
користење за Вашиот C
читањето на силата на контакт.
6.
Читањето на силата на контакт може да стане неточно доколку
сензорот за сила на контакт (лоциран помеѓу првата и втората
прстенаста електрода) дојде во близина на метален материјал, како
што е обложена навлака на друг катетер. Доколку се забележат
екстремни варирања во силата, проверете дали сензорот за сила на
контакт на катетерот се наоѓа во близина на навлаката на друг катетер,
проверете го анулирањето на катетерот и, ако е потребно, отстранете и
проверете го катетерот.
7.
За да се обезбеди правилно работење на сензорот за сила на контакт,
сите четири прстенасти електроди на врвот на катетерот мора да
излегуваат од дисталниот врв на насочувачката навлака.
8.
При примена на висока странична сила при мапирање и примена на РФ,
корисникот мора да ја следи таблата на силата на контакт и приказот
на векторот на екранот на C
силата на контакт остануваат во точниот опсег. Прочитајте во делот за
Пораки за грешки и предупредувања во Упатствата за употреба на
системот C
ARTO
укажувања поврзани со неточно читање на силата.
9.
Не го користете сензорот за температура за следење на температурата
на ткивото. Сензорот за температура се наоѓа во делот на врвот на
катетерот и не ја одразува поврзаноста на електродата со ткивото ниту
температурата на ткивото поради ефектите на ладење на измивањето
со раствор на електродата. Температурата која се прикажува на РФ
генераторот е температурата на изладената електрода, а не
температурата на ткивото. Сензорот за температура се користи за да
потврди дека степенот на проток на измивањето е соодветен. Пред да
започне примената на РФ струјата, падот на температурата на
електродата потврдува почеток на измивање со раствор на
електродата за аблација. Следењето на температурата од
електродата при примената на РФ струја обезбедува одржување
соодветен степен на проток на измивање.
10. Не се потпирајте на покачувањето на температурата на електродата за
да одредите дали загревањето на ткивото се случува при
испорачување РФ енергија бидејќи лабораториските испитувања врз
животни не покажаа значајно покачување на температурата на
електродите при РФ аблација.
11. Важно е внимателно да се следи постапката на титрација на моќност
како што е наведено во упатството за употреба. Брзото покачување на
силата при аблација може да доведе до перфорација предизвикана од
скок на пареа.
12. Катетерот може да ја оштети простетичната трикуспидална валвула на
пациентот ако катетерот одеднаш се движи напред низ валвулата.
13. Пациентот кој претходно имал постапка на атријална ритмична
аблација може да биде со поголем ризик од перфорација и/или
перикардијален излив со користењето на овој катетерски систем.
14. Во согласност со протоколот на Вашата болница, следете го нивото на
течности кај пациентот во текот на целата постапка за да се избегне
преоптеретување на волуменот на течност. Некои пациенти може да
имаат фактори кои им ја намалуваат способноста да се справат со тоа
преоптеретување, што ги прави подложни на развој на белдробен оток
или срцева слабост за време на или после постапката. Пациентите со
конгестивна срцева слабост или бубрежна инсуфициенција и постарите
лица се особено подложни на тоа. Пред самата постапка, секогаш
идентификувајте го ризикот од преоптеретување на волуменот кај
пациентот.
15. Не е потврдена безбедноста од прекинување на антикоагулациска
терапија после катетерска аблација на атријална фибрилација;
антикоагулацијската терапија кај тие пациенти треба да се дава во
согласност со ACC/AHA/ESC насоките за управување со пациенти со
атријална фибрилација.
16. За да се избегне тромбоемболија, треба да се користи интравенозен
хепарин при влез во левата страна на срцето при аблација. Следете ги
клиничките упатства за практиката за оптимална пост-постапна
антикоагулација.
17. Не се утврдени безбедноста и ефективноста на радиофрекфентната
аблација за третирање на атријална фибрилација кај пациенти со
значителна лева вентрикуларна дисфункција, напредна срцева слабост,
значително лево атријално зголемување и структурална срцева болест.
18. Не е докажано дека катетерот е безбеден на температура на
електродите над 40ºC. Проверете дали КОПЧЕТО НА КАТЕТЕРОТ ЗА
ИЗБОР на соодветниот РФ генератор е поставено на "TCool SF"или
Thermocool SF слична опција и проверете дали максималната
температура е поставена на 40ºC.
19. Имплантните срцеви стимулатори и имплантниот
кардиовертер/дефибрилатор (ИКД) може да подлежат на негативно
влијание од РФ струјата. Важно е да постојат надворешни извори на
стимулации и дефибрилација достапни во текот на аблацијата и
привремено да се репрограмира системот за стимулирање на
минимален излез или ИСКЛУЧЕН режим заради минимизирање на
ризикот од нессодветно стимулирање. Посветете големо внимание во
текот на аблацијата кога постои близина на атријални или
вентрикуларни постојани врски; програмирајте го ИКД на ИСКЛУЧЕН
режим во текот на постапката за аблација и изведете целосна анализа
на имплантниот уред на сите пациенти после аблацијата.
20. Пациентите кои подлежат на септална аблација со дополнителни
патеки имаат ризик од целосно АВ блокирање кои бара имплантација
на постојан срцев стимулатор. Пациентите кои доживеале ненамерно
АВ блокирање како резултат на РФ аблација имаат потреба од
постојано стимулирање.
21. При транс-аортен пристап, потребна е соодветна флуороскопска
визуелизација за да се избегне поставувањето на катетерот во
коронарната васкулатура. Интракоронарното поставување на катетерот
за аблација, примената на РФ енергија или и двете се поврзани со
миокарден инфаркт.
22. Намалете ја изложеноста на рентгенско зрачење во текот на
постапката. Постапките за срцева катетеризација претствавуваат
потенцијал за значително изложување на рентгенско зрачење, што
може да доведе до повреда од акутно зрачење, како и зголемен ризик
од соматски и генетски влијанија, како врз пациентите, така и врз
лабораторискиот персонал, а како резултат на интензитетот на снопот
од рентгенски зраци и траењето на флуороскопското снимање.
Срцевата катетеризација треба да се изведува откако ќе се обрне
внимание на можната изложеност на зрачење поврзана со постапката и
ќе се преземат чекори за намалување на изложеноста. Според тоа,
мора внимателно да се размисли пред употребата на овој уред кај
бремени жени.
23. Не го изложувајте катетерот на органски растворувачи, како што е
алкохол.
24. Не го ставајте катетерот во автоклав.
25. Не го натопувајте проксималниот рачен дел или поврзувачот на кабли
во течности; тоа може да доведе до електричен спој.
26. Не ја тријте или виткајте електродата со дистален врв во текот на
чистењето.
27. Проверете го растворот за измивање да не има воздушни меурчиња
пред да го користите во постапката. Воздушните меурчиња во
растворот може да предизвикаат емболија.
28. Прочистете со катетерот и цевката за измивање со хепаризиран
физиолошки раствор.
29. Електрофизиолошките катетери и системи се наменети за користење
само во простории заштитени од рентгенско зрачење поради барањата
M-5276-785B
®
3 Систем за насоки за анулирање на
ARTO
ARTO
®
3 за системски пораки за предупредување и
®
3 за да провери дали мерењата на
Македонски јазик
183

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières