Télécharger Imprimer la page

Honeywell MILLER Soll Vi-Go Guide D'installation page 110

Masquer les pouces Voir aussi pour MILLER Soll Vi-Go:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 69
Заедно со појасот за цело тело, системот за заштита од паѓање ги осигурува корисниците од
паѓање кога се качуваат или спуштаат. Кога се работи на или до патеката за качување и во текот
на работите и дејствијата кои не се дел од вообичаените движења при качување и слегување,
качувачите мора дополнително да се осигураат самите себеси со јаже во согласност со EN 354/
ANSI Z359.11/ CSA Z259.11-17 или со јаже за безбедносен појас во согласност со EN 358/
ANSI Z359.3-2017/ CSA Z259.1-05. Ова е исто така применливо за неактивни положби кои се
наменети да служат за пауза на скалата за заштита од паѓање. За ова може да се користат само
одговарачки уреди за закачување. Во сите овие ситуации, јажето мора да се држи затегнато за да
се спречи паѓање. Проверете гии спецификациите на плочката со ИД прикачена на системот да
го одредите максималниот број на корисници.
Важно!
Еден EN 353-1:2014+A1:2017 / ANSI A14.3 / CSA Z259.2.5-17 / ANSI Z359.16 усогласен систен за
заштита од паѓање треба да се употребува само од оние лица кои се обучени и/или се експерти
или кои се директно надгледувани од обучено лице и/или експерт.
4
ОДРЖУВАЊЕ
 4. 1 ЛИСТА ЗА ПРОВЕРКА ЗА ПРИФАЌАЊЕ
Vi-Go системот е усогласен со EN 353-1:2014+A1:2017 / ANSI A14.3 / CSA Z259.2.5-17 / ANSI
Z359.16.
Теренскиот раководител на компанијата за монтирање мора целосно да ја потполни листата за
проверка користејќи небришливо пенкало. Теренскиот раководител е одговорен за точноста на
сите податоци. Ако квадратче на листата за проверка се одговори со „не", тоа мора да се појасни
во делот „коментари' во „образец за прифаќање".
 4. 2 РЕДОВНА ПРОВЕРКА
Безбедноста на корисниците зависи од постојаната ефикасност и издржливост на опремата.
Во зависност од локалната легислатива, фреквенцијата на користење и срединските услови,
осигурувачите од паѓање мора да бидат проверувани од компетентно лице на редовна основа
и најмалку секои 12 месеци според ANSI Z359 / EN 365. Повремените проверки мора да се
извршуваат само од компетентно лице и се строго во согласност со постапките за повремени
проверки на производителот.
Повторно тестирајте го затегнатоста на вртежниот момент на прицврстувачите барем еднаш
годишно и почесто во предизвикувачки услови на животната средина.
За да ја проверите функционалноста на осигурувачот од паѓање на Vi-Go системот, погледнете го
корисничкото упатство за соодветниот осигурувач од паѓање.
Системите за лична заштита од паѓање и компонентите кои се подложени на влијание од
оптоварување треба веднаш да бидат отстранети од употреба и не треба повторно да се користат
за заштита на вработениот додека не бидат проверени и не се одреди од компетентно лице дека
се неоштетени и соодветни за повторна употреба.
Пред секое користење визуелно проверете за следново:
• Проверете ги сите компоненти за физички оштетувања, напукнувања, истрошеност и
корозија.
• Проверете ги затегнувачите, прицврстувачите и игличките за оштетувања, напукнувања,
истрошеност и корозија.
• Проверете ги сигурносните сајли за засекувања, изабеност, заплеткувања, скинати влакна
или други знаци на невообичаена истрошеност.
Внимание! Секогаш носете ракавици кога ja проверувате жичената сајла.
• Проверете го затегнувањето на сајлата осигурувајќи се дека нема олабавеност. Сајла за
задржување според спецификациите во поглавјето „МОНТИРАЊЕ НА ЗАТЕГНУВАЧ НА
САЈЛА" на овој прирачник.
• Проверете за компоненти што не функционираат, пружини или затегнувачи што се скршени
или недостасуваат.
• Проверете го осигурувачот од паѓање, конекторот и појасот за цело тело според упатствата
на производителот.
 4. 3 ЧУВАЊЕ
Осигурувачот од паѓање на Vi-Go системот треба да се чува чист, сув и без прав колку што е
можно и да се чува на ладно место според корисничкото упатство на осигурувачот од паѓање.
Осигурувачот од паѓање на Vi-Go системот е уред кој спаѓа во лична заштитна опрема и не треба
да се остава на системот. Беспрекорното функционирање на осигурувачот од паѓање, особено
дали правилно се заклучува на сајлата, мора да се провери пред секоја употреба.
5
ИНДЕКС НА ДЕЛОВИ
За дополнителни информации за производот и референтните броеви на
компонентите на системот, контактирајте ја нашата техничка поддршка или
посетете ја нашата веб-локација.
110

Publicité

loading