Télécharger Imprimer la page

Honeywell MILLER Soll Vi-Go Guide D'installation page 104

Masquer les pouces Voir aussi pour MILLER Soll Vi-Go:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 69
MK
1
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Секој корисник на Söll Vi-Go вертикалниот систем за заштита од паѓање (во понатамошниот текст
именуван како „Vi-Go систем") мора да го прочита и разбере ова упатство пред да го употребува
системот. Дејства кои не се во согласност со ова упатство може да ги доведат животите на луѓето
во ризик. Корисниците мора да се обучени врз основа на упатствата за работа и овие упатства за
корисник пред да започнат со работа и на редовни интервали потоа. Дополнително, тие мора да
се обучуваат најмалку еднаш годишно.
Компанијата што го користи Vi-Go системот и корисникот на осигурувачот од паѓање мора да се
осигураат дека ова упатство се чува заедно со одговарачкиот осигурувач од паѓање на суво и
лесно достапно место.
Компанијата која ги користи мора да го покаже ова упатство за употреба на барање на
производителот Honeywell Fall Protection Deutschland GmbH & Co. KG (во понатамошниот
текст „Honeywell") или кај еден од неговите овластени продавачи. Тој мора да биде опремен со
соодветни осигурувачи од паѓање на Vi-Go системите. Оигурувачитете од паѓање од сериите Söll
Vi-Go и Söll VC500 мора да се користат само во оригинални Vi-Go системи кои имаат Söll Vi-Go EN
/ ANSI / CSA тип на сертификат. Користењето системи од други производители може да го наруши
функционирањето на осигурувачот од паѓање. Во такви случаи, Honeywell и неговите овластени
продавачи ќе одбијат одговорност за производот. Компанијата која работи со системот тогаш ќе
ја сноси целата одговорност.
Автопресретачот на системот Vi-Go секогаш мора да биде прикачен на стерналниот (преден) точка
за прикачување на комплетот со тело согласно со EN 361:2002-05, NBR 15836, CSA Z259.2.5-17,
или ANSI Z359.11-2021. Со системот за заштита од паѓање мора да се ракува внимателно.
Точките за прикачување сајла на системот Vi-Go не смее да се употребуваат како осигурувачи на
транспорт или за прицврстување товари.
Функционалната способност на системот мора да се прегледа визуелно пред и додека се користи
инсталираниот систем за заштита од паѓање.
Компанијата која работи со системот за заштита од паѓање мора да осигура дека е достапен план
за спасување (кој ќе се ги вклучи сите можни итни случаи кои може да се појават кога работите).
Корисникот мора да биде со добро здравје и не смее да биде под влијание на алкохол, дроги или
лекови. Мора да се следат соодветни упатства ако се употребува друга лична заштитна опрема.
На секој корисник може да се влијае и истиот да падне поради движењето на линијата со
затегнувач иницирана од другиот корисник.
Листата за проверка (видете поглавје Листа за проверка за прифаќање) мора да ја пополни
менаџерот на компанијата за монтирање целосно и правилно со користење неизбришливо
пенкало.
Важно!
Пред користење на системот за заштита од паѓање, уверете се дека постои потребниот слободен
простор од 3 m (9,8 ft (стапки)) под нозете на корисникот. Во спротивно, корисникот може да не
биде доволно заштитен од удирање во тлото или во пречки.
 1. 1 РЕФЕРЕНЦИ ЗА СТАНДАРДИ
Овој производ ја опфаќа следната листа на стандарди и директиви. Одговорност е на корисникот
да се придржува на релевантните стандарди кои се опфатени во ова упатство. Референтните
групи на стандарди/директиви подолу се применливи според пазарот, на пр. ако производот
се користи во Европската Унија (ЕУ) корисникот мора да биде усогласен со стандардите/
директивите на ЕУ и сите други стандарди споменати во корисничкото упатство не се релевантни.
EN 353-1+A1:2017-12 - Лична заштитна опрема од паѓање CNB/P/11.119 - Регулатива за ЛЗО
(ЕУ) 2016/425
ANSI-ASC A14.3-2008 - Скали-Фиксни-Безбедносни барања
ANSI/ASSE Z359.16-2016 - Безбедносни барања за системи за заштита од паѓање со скали за
качување OSHA 1910.29 и 1926.502
CSA Z259.2.5-17 - Осигурувачи од паѓање и вертикални сигурносни јажиња
NBR 14627 - Equipamento de proteção individual contra queda de altura
 1. 2 ПРОВЕРКИ НА КВАЛИТЕТ И ГАРАНЦИЈА
Сите делови на Vi-Go системот се изработени во согласност со ISO 9001 проверки на квалитет и
ISO 14001 управување со околина. Индивидуална идентификација на сите Vi-Go компоненти ја
гарантира нивната целосна следливост.
Во моментот на испораката, сите метални делови на системот за заштита од паѓање се
направени од галванизиран или нерѓосувачки челик и алуминиум (осигурувач од паѓање).
Гаранција од две години за производствени дефекти се дава при нормални услови на работење
(исклучително корозивна атмосфера може да го намали овој период). Во случај на каков било
сомнеж, контактирајте со Honeywell. Гарантниот период започнува на датумот на кој монтерот му
го предава Vi-GО системот на сопственикот. Монтерот има обврска да ја чува документацијата
за префрлање на системот за заштита од паѓање. Гаранцијата на производителот за деловите
ќе биде неважечка ако монтирањето е неправилно или не соодветствува со упатствата за
монтирање пропишани од Honeywell.
104
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Söll Vi-Go вертикален систем за заштита од паѓање

Publicité

loading