Télécharger Imprimer la page

Honeywell MILLER Soll Vi-Go Guide D'installation page 109

Masquer les pouces Voir aussi pour MILLER Soll Vi-Go:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 69
• Потоа проверете ја должината на сајлата што треба да се свие. Мора да биде минимум 75
mm (2,9"). Потоа повторно вметнете ја сајлата во крајниот дел на сајлата што треба да се
свитка сѐ до ознаката (лепливата лента).
• Држете го крајниот дел на сајлата во пресата и активирајте ја пресата. Повторете ја оваа
постапка уште двапати и уверете се дека бараното растојание од 10 mm (3/8") помеѓу
свиткувањата е задржано.
Важно:
По секое свиткување, лизнете го прстенот со индикатор на сајлата за оптоварувањата да можат
да се проверат подоцна. Лизнете го прстенот на сајлата пред свиткувањето. Ако постои некаков
сомнеж за квалитетот на свиткуввањето, повторете ја постапката со користење на нова сајла и
нов дел за свиткување.
Напомена:
Никогаш не користете повторно веќе свиткан дел. 10 mm (3/8 in) сајла не е свиткана со
електрична машина за виткање.
  3. 3. 7. 1. 3 НЕСВИТЛИВ ЗАВРШЕТОК НА САЈЛА
Поставете го крајот на несвитливата сајла како што е илустрирано (сл. 11). Лизнете го куќиштето
на вклопувачките делови (сл. 11, пол. 1) врз вклопувачките делови (сл. 11, пол. 2) и завртете ја
навртката со окце (сл. 11, пол. 3) и контранавртката (сл. 11, пол. 4) во куќиштето на вклопувачките
делови (сл. 11, пол. 1). Потоа затегнете ја контранавртката (сл. 11, пол.4) со користење француски
клуч.
  3. 3. 7. 1. 4 ЗАВРШЕТОК ЗА САЈЛА СО РАЧКИ ЗА САЈЛА
Важно:
Завршетокот на сајлата со рачките за сајла може да се користи само да се прицврсти сајлата на
затегнувачот на сајла. Не користете го овој тип на завршеток на сајла да ја поврзете сајлата со
горниот држач.
3 Рачки за сајла и 1 напрсток се потребни да се направи јамка на сајла. Подгответе го
завршетокот на сајлата како што е илустрирано (сл. 12a). Секогаш осигурувајте се дека рачката
за сајла е монтирана така што делот ја допира работната должина на сајлата и U-прицврстувачот
ја допира должината на слободниот крај на сајлата.
Растојанието помеѓу стегите на сајлата треба да биде 6 до 8 пати од дијаметарот на сајлата - 50
до 80 mm (2" до 3"). По подготвувањето на јамките на сајлата, покријте ги двата краја на сајлата
со прилагодливо црево (сл. 12b):
• за Ø8 mm (5/16") сајла, користете Ø9,5 mm (3/8")
• за Ø10 mm (3/8") сајла, користете Ø12,7 mm (1/2")
  3. 3. 7. 1. 5 ЗАВРШЕТОК ЗА САЈЛА СО СТЕГИ ЗА САЈЛА
Важно:
Завршетокот на сајлата со рачките за сајла може да се користи само да се прицврсти сајлата на
затегнувачот на сајла. Не користете го овој тип на завршеток на сајла да ја поврзете сајлата со
горниот држач.
3 стеги на сајла и 1 напрсток се потребни да се направи јамка на сајла. Подгответе го завршетокот
на сајлата како што е илустрирано (сл. 12c). По подготвувањето на јамките на сајлата, покријте ги
двата краја на сајлата со прилагодливо црево (сл. 12b):
• за Ø8 mm (5/16") сајла, користете Ø9,5 mm (3/8")
• за Ø10 mm (3/8") сајла, користете Ø12,7 mm (1/2")
  3. 3. 7. 2 СКЛОПУВАЊЕ НА САЈЛАТА НА СИСТЕМОТ
Склопете го горниот крај на сајлата на горниот држач како што е илустрирано (сл. 13a), или на
горниот амортизер како што е илустрирано (сл. 13b). Склопете го долниот дел на сајлата како
што е илустрирано (сл. 7d). Извршете предзатегнување на сајлата следејќи ги упатствата на
затегнувачите на сајлата.
УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ
Сајлата, затегнувањето на сајлата, осигурувачот од паѓање, средишните држачи и карабинерите
мора да се проверат за нивната употребливост пред секоја употреба.
Ако се идентификуваат дефекти или постои сомнеж во врска со беспрекорната состојба, системот
за заштита од паѓање мора да го провери експерт и деловите мора да бидат заменети доколку
е потребно.
Пред и во текот на качувањето мора да се осигури безбедна и ефективна имплементација на
мерките за спасување . Секој корисник мора да е осигуран со одделен осигурувач од паѓање на
Vi-Go системот.
109

Publicité

loading