Wilo Control EC-Booster Notice De Montage Et De Mise En Service page 548

Masquer les pouces Voir aussi pour Control EC-Booster:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 89
mk
8.3.1
Подесување на надгледувањето
на струјата на моторот
8.3.2
Проверка на насоката на вртење
на приклучените пумпи
548
Пуштање во работа
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Постои опасност по животот кога се работи на отворена приклучната табла!
Составните елементи се под напон! Работите мора секогаш да го изведува
стручен електричар.
Прикажување на актуелната вредност на надгледувањето на струјата на
моторот
1. Држете го контролното копче 3 секунди.
⇒ Ќе се појави Мени 1.00.
2. Вртете го контролното копче додека не се појави Мени 4.00.
3. Притиснете го контролното копче.
⇒ Ќе се појави Мени 4.01.
4. Вртете го контролното копче додека не се појават менијата од 4.25 до 4.27.
⇒ Мени 4.25: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 1.
⇒ Мени 4.26: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 2.
⇒ Мени 4.27: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 3.
▶ Проверка на актуелната вредност на надгледувањето на струјата на моторот.
Изедначете ги поставените вредности со податоците од натписната плочка.
Ако отстапуваат поставените вредности од податоците од натписната
плочка, изедначете ги.
Вредност за приспособување на надгледувањето на струјата на моторот
Проверете го нагодувањето на надгледувањето на струјата на моторот.
1. Вртете го контролното копче додека не се појават менијата од 4.25 до 4.27.
⇒ Мени 4.25: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 1.
⇒ Мени 4.26: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 2.
⇒ Мени 4.27: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 3.
2. Отворете ја приклучната табла.
ОПАСНОСТ! Опасност по животот од струен удар! Постои опасност по
животот кога се работи на отворена приклучната табла! Таквите работи се
изведуваат од страна на стручен електричар!
3. Коригирајте го потенциометарот за струјата на моторот (видете Преглед на
составните елементи) со вртење со помош на шрафцигер. Измените читајте
ги директно на дисплејот.
4. Кога е коригирана сета струја на моторот, затворете ја приклучната табла.
▶ Надгледувањето на струјата на моторот е подесена. Извршете контрола на
насоката на вртење.
НАПОМЕНА
Вртежно поле на мрежата и приклучување на пумпа
Вртежното поле на приклучувањето на мрежа се спроведува директно кон
приклучувањето на пумпата. Проверете го потребното вртежно поле на
приклучените пумпи (десна или лева насока на вртење)! Внимавајте на
Упатството за вградување и работа на пумпите.
Контролирајте ја насоката на вртење на пумпата преку пробно работење.
ВНИМАНИТЕЛНО! Материјални штети! Извршете пробно работење согласно
пропишаните услови за работа.
Приклучната табла е затворена.
WILO SE 2019-07

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Control ece-booster

Table des Matières