Télécharger Imprimer la page

Electrolux EIS6648 Notice D'utilisation page 305

Masquer les pouces Voir aussi pour EIS6648:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 129
За повеќе информации видете во
„Секојдневна употреба".
5. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
5.1 Користење на екранот
• Може да се користат само симболите
со задни светла.
• За да ја вклучите дадената опција
допрете го соодветниот симбол на
екранот.
• Избраната функција се вклучува кога ќе
го тргнете прстот од екранот.
• За да вртите низ достапните опции,
користете брз потег или влечете го
вашиот прст преку екранот. Јачината
на потегот определува колку брзо ќе се
движи екранот.
• Вртењето може само по себе да сопре
или пак вие да го сопрете веднаш
доколку го допрете екранот.
• Можете да ги смените повеќето
параметри прикажани на екранот кога
ќе допрете соодветни симболи.
• За да ја поставите потребната
функција, време можете да вртите низ
листата и/или да ја допрете опцијата
што сакате да ја изберете.
• Кога апаратот е вклучен и некои
симболи исчезнуваат од екранот,
допрете го екранот каде било. Сите
симболи се појавуваат повторно.
• За некои функции, кога ќе ги
стартувате, се појавува прозорец со
додатни информации кога ќе ги
стартувате. За да го исклучите
прозорецот трајно проверете ја
да ја вклучите функцијата.
• Прво одберете рингла за да ги
вклучите функциите за тајмер.
Корисни симболи за навигација на екран
За потврда на изборот или на поставката.
За враќање назад / напред едно ниво во
Мени.
Корисни симболи за навигација на екран
За скролување горе / долу на упатствата
на екранот.
За да ги активирате / деактивирате
опциите.
За да го затворите прозорецот кој се
појавува.
За откажување на поставка.
5.2 Прво поврзување со
приклучоците за струја
Кога ја поврзувате површината за готвење
со струја, ќе треба да ги поставите Јазик,
Осветленост на екранот и Јачина на
звучен сигнал.
Можете да ја смените поставката во Мени
> Нагодувања > Поставка. Погледнете во
„Дневна употреба".
5.3 Сензор за храна калибрирање
Пред да започнете со користење на
Сензор за храна треба да го калибрирате,
за да видите дали температурните
отчитувања се точни.
Откако Сензор за храна е точно
калибриран, ја мери температурата на
точка на вриење со опсег на толеранција
од +/- 2°C.
Следете ја процедурата кога:
пред
• ја монтирате плочата за готвење
првиот пат;
• кога ја ставате плочата за готвење на
друга локација (промена на висина);
• сте ја смениле Сензор за храна.
МАКЕДОНСКИ
305

Publicité

loading