Bosch GTS 10 XC Professional Notice Originale page 329

Masquer les pouces Voir aussi pour GTS 10 XC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 43
OBJ_BUCH-1375-005.book Page 329 Friday, March 16, 2018 9:47 AM
Сечење на вертикални агли на закосување
– Поставете го саканиот вертикален агол на закосување.
(види „Подесување на вертикалниот агол на
закосување", страна 326)
– Следете ги работните чекори во делот „Сечење на
прави резови".
Сечење на хоризонтални агли на закосување (види
слика L)
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување", страна 327)
– Поставете го делот за обработка на профилната шина
34.
Профилот не смее да се наоѓа во линијата на сечење.
Во ваков случај извадете ја назабената навртка 53 и
поместете го профилот.
– Подигнете го или спуштете го листот за пилата со
курблата 20 нагоре или надолу, така што горните запци
на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната површина
на делот што се обработува.
– Поставете ја заштитната хауба според висината на
предметот за обработка.
Заштитната хауба при сечење мора секогаш да стои
лабаво на предметот за обработка.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го делот за обработка со едната рака на
профилната шина и со другата рака полека притиснете
го аголниот граничник на копчето за фиксирање 62 во
водечкиот жлеб 9 кон напред.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
Сечење на хоризонтални агли на закосување со
фиксирани подвижни лизгачи
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување", страна 327)
– Аголниот граничник мора слободно да се движи во
водечкиот жлеб 9 (лево или десно).
По потреба олабавете ја завртката со нарецката глава
51.
– Следете ги работните чекори во делот „Сечење на
прави резови".
Сечење на хоризонтални агли на закосување со помош
на подвижните лизгачи
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување", страна 327)
– Повлечете ја затегнувачката дршка 29 за подвижните
лизгачи сосема нагоре и повлечете ги подвижните
лизгачи 2 кон напред.
– Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитната хауба 5.x.
– Позиционирајте го аголниот граничник 3 пред делот за
обработка во левиот водечки жлеб 9. Фиксирајте ја
оваа позиција, така што цврсто ќе ја затегнете завртката
со нарецкана глава 51.
Bosch Power Tools
– Следете ги работните чекори во делот „Сечење на
прави резови".
Проверка на основните поставки и подесување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Подесување на граничниците за стандарден агол на
закосување 0°/45° (вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Поставете го еден вертикален агол на закосување на
листот на пилата од 0°.
– Навалете ја заштитната хауба 5.x до крај кон назад.
Проверете: (види слика M1)
– Поставете го агломерот на 90° и ставете го на масата за
пилата 17.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 32.
Поставување: (види слика M2)
– Олабавете ја завртката 67.
На тој начин ќе може да се помести 0°-граничник 28.
– Олабавете го лостот за блокада 26.
– Поместувајте го рачното тркало 19 кон 0°-граничникот,
додека кракот на аголното мерило не биде рамен по
целата должина на листот на пилата.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада 26.
– Повторно затегнете ја завртката 67.
Доколку показателот на агли 61 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 27, олабавете ја
завртката 68 со обичен крстест одвртувач и насочете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Повторете ги горе наведените работни чекори соодветно
и за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја
завртката 69; подесете го 45°-граничник 25). Притоа
показателот на агли 61 не смее повторно да се поместува.
Паралелност на листот на пилата со водечките жлебови
на аголниот граничник (види слика N)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Навалете ја заштитната хауба 5.x до крај кон назад.
Проверете:
– Со еден молив означете го првиот лев забец на пилата
којшто може да се види одзади над плочата за
вметнување.
– Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на
работ на водечкиот жлеб 9.
– Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не
ги допре означените запци на пилата и прочитајте го
растојанието помеѓу листот на пилата и водечкиот
жлеб.
– Вртете го листот на пилата додека означениот забец не
застане однапред над плочата за вметнување.
Македонски | 329
1 609 92A 467 | (16.3.18)

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières