Bosch GTS 10 XC Professional Notice Originale page 327

Masquer les pouces Voir aussi pour GTS 10 XC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 43
OBJ_BUCH-1375-005.book Page 327 Friday, March 16, 2018 9:47 AM
– Повлечете го или притиснете го рачното тркало 19 по
должина на кулисата додека показателот на агли 61 не
го покаже саканиот агол на закосување.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада 26.
За брзо и прецизно подесување на стандардниот агол
0° и 45° предвидени се фабрички поставените
граничници.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(аголен граничник) (види слика E)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 60° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 62, доколку е
затегнато.
– Свртете го аголниот граничник додека показателот на
агол 63 не го покаже саканиот агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 62.
За брзо и прецизно подесување на често користени
агли на закосување на аголниот граничник 3 има
завртки-граничници за агли од 45° (од лева, десна страна)
и 0°.
– Отпуштете го копчето за фиксирање 62, доколку е
затегнато.
– Свртете го лимот за подесување 80 кон надвор.
– Свртете го аголниот граничник на тој начин што навојот
на саканата завртка-граничник ќе биде десно од лимот
за подесување.
– Свртете го лимот за подесување 80 кон внатре и
свртете го аголниот граничник додека навојот на
завртката граничник не налегне на лимот за
подесување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 62.
Поставување на паралелниот граничник
Паралелниот граничник 8 може да се позиционира на
левата страна (црна скала) или на десната страна
(сребрена скала) од листот на пилата.
Ознаката на лупата 64 го покажува поставеното
растојание на паралелниот граничник кон листот за пилата
на скалата 1.
Позиционирајте го паралелниот граничник на саканата
страна на листот за пилата (види „Монтирање на
паралелниот граничник", страна 324).
при неизвлечена маса за пила
– Олабавете ја затегнувачката дршка 47 на паралелниот
граничник 8.
Поместувајте го паралелниот граничник сè додека
ознаката во лупата 64 не го покаже саканото растојание
до листот на пилата.
При неизвлечена маса за пила важи долниот натпис на
сребрената скала 1.
– За фиксирање повторно притиснете ја затегнувачката
дршка 47 надолу.
Bosch Power Tools
при извлечена маса за пила (види слика F)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
листот за пилата.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката во лупата 64 не покаже на долната скала
33 cm.
За фиксирање повторно притиснете ја затегнувачката
дршка 47 надолу.
– Повлечете ја затегнувачката дршка 18 за
проширувањето на масата сосема нагоре.
– Извлечете го проширувањето на масата 11 кон надвор
додека показателот на растојание 65 не го покаже
саканото растојание кон листот за пилата на горната
скала.
– Притиснете ја затегнувачката дршка 18 надолу.
На тој начин ќе се фиксира проширувањето на масата.
Подесување на дополнителниот паралелен
граничник (види слика G)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник 49 на паралелниот
граничник 8.
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник 8.
Деловите за обработка може да се заглават помеѓу
паралелниот граничник и листот за пилата при сечењето и
да ги зафати и исфрли листот за пилата којшто се движи
нагоре.
Затоа дополнителниот паралелен граничник наместете го
на тој начин што крајот на водилката ќе завршува во
полето помеѓу предниот забец на листот за пилата и
предниот раб на клинот за расцепување.
– Олабавете ги сите пеперутка-навртки и поместете го
дополнителниот паралелен граничник додека двете
предни завртки ќе служат за прицврстување.
– Повторно затегнете ги пеперутка-завртките.
Подесување на клинот за расцепување
Клинот за расцепување 7 спречува, да листот на пилата 32
се заглавува во засекот. Во спротивно постои опасност на
повратен удар, доколку листот на пилата се закачува на
предметот за обработка.
Затоа секогаш внимавајте, клинот за расцепување да биде
правилно поставен:
– Радијалниот процеп помеѓу листот на пилата и клинот за
расцепување може да биде максимално 5 mm.
– Дебелината на клинот за расцепување мора да биде
помала од ширината на сечењето и поголема од
основната дебелината на листот.
– Клинот за расцепување мора секогаш да биде во една
линија со листот на пилата.
– За нормални сечења за раздвојување клинот за
расцепување мора секогаш да биде во највисоката
можна позиција.
Електричниот алат се испорачува со правилно поставен
клин за расцепување.
Македонски | 327
1 609 92A 467 | (16.3.18)

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières