Bosch GTS 10 XC Professional Notice Originale page 326

Masquer les pouces Voir aussi pour GTS 10 XC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 43
OBJ_BUCH-1375-005.book Page 326 Friday, March 16, 2018 9:47 AM
326 | Македонски
– Свртете ја курблата 20 во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што листот на пилата
32 се наоѓа во највизоката можна позиција над столот
на пилата.
– Навалете ја заштитната хауба 5.x до крај кон назад.
– Завртете ја затегнувачката навртка 56 со прстенестиот
клуч 15 (24 mm) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното 57 додека не се вклопи.
– Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и
завртете ја затегнувачката навртка во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница 58.
– Извадете го листот за пилата 32.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете нов лист за пила на приклучната прирабница
59 на вретеното на алатот 60.
Напомена: Не користете премали листови за пила.
Процепот помеѓу листот за пилата и клинот за
расцепување смее да изнесува максимум 5 mm.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ги затегнувачката прирабница 58 и
затегнувачката навртка 56.
– Завртете ја затегнувачката навртка 56 со прстенестиот
клуч 15 (24 mm) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното 57 додека не се вклопи.
– Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на
стрелките на часовникот. (вртежен момент на затегање
околу 15–23 Nm)
– Повторно ставете ја плочата за вметнување 31.
– Поместете ја заштитната хауба 5.x надолу.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортна и работна позиција на листот за
пилата
Позиција за транспорт
– Свртете го рачното тркало 19 во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека запците од листот за
пилата 32 не се најдат под масата за пила 17.
Останатите инструкции за транспорт видете ги на
страна 330.
Работна позиција
– Свртете ја курблата 20 во правец на стрелките на
часовникот, се додека запците на листот на пилата 32
не се наоѓаат над предметот за обработка.
1 609 92A 467 | (16.3.18)
Напомена: Осигурете се дека заштитната хауба е
правилно позиционирана. При сечењето, таа секогаш
мора да биде на делот што се обработува.
Зголемување на масата за пила
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Проширување на масата (види слика A)
Проширувањето на масата 11 ја проширува масата за
пила 17 кон десно за максимум 435 mm.
– Повлечете ја затегнувачката дршка 18 за
проширувањето на масата сосема нагоре.
– Извлечете го проширувањето на масата 11 до саканата
должина (погледнете и во „Подесување на паралелниот
граничник при извлечена маса за пила", страна 327).
– Притиснете ја затегнувачката дршка 18 надолу.
На тој начин ќе се фиксира проширувањето на масата.
Продолжеток за масата (види слика B)
Продолжетокот за масата 10 ја продолжува масата за пила
17 кон назад за максимум 520 mm.
– Олабавете ги завртките за блокирање 38 на водилките
24.
– Извлечете го продолжетокот за масата 10 до саканата
должина.
– За фиксирање на позицијата затегнете ги двете завртки
за блокирање 38.
Доколку е потребно, ставете потпора за продолжетокот за
масата кај тешките делови за обработка.
Подвижен лизгач (види слика C)
Со помош на подвижниот лизгач 2 може да се сечат
парчиња со максимална ширина до 350 mm.
Истовремено се постигнува поголема прецизност при
сечењето со користењето на аголен граничник 3. (види
„Сечење на хоризонтални агли на закосување со помош на
подвижните лизгачи", страна 329)
– Повлечете ја затегнувачката дршка 29 за подвижните
лизгачи сосема нагоре.
Подвижниот лизгач може да се помести до крај како
нанапред така и наназад.
Подесување на закосениот агол
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 329).
Подесување на вертикалниот агол на закосување (лист
за пилата) (види слика D)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од –1° до +47°.
– Олабавете го лостот за блокада 26 во правец спротивен
на стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за
блокада, листот за пилата ќе се навали во положба од
околу 30° под влијание на силата на тежината.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières