Bosch GTS 10 XC Professional Notice Originale page 324

Masquer les pouces Voir aussi pour GTS 10 XC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 43
OBJ_BUCH-1375-005.book Page 324 Friday, March 16, 2018 9:47 AM
324 | Македонски
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
– Отворете ја подната плоча 44 и отстранете ја
амбалажата под моторниот блок. (види слика a)
Следните елементи на уредот се прицврстени директно на
куќиштето:
подвижна водечка летва 13, окаст клуч 15, клуч со
внатрешна шестаголна глава 37, паралелен граничник 8,
аголен граничник 3, адаптер за вшмукување 41,
дополнителен паралелен граничник 49 со сет за
прицврстување 39, заштитна хауба 5.x.
– Внимателно извадете ги овие елементи на уредот од
нивното депо за чување.
Погледнете ги и сликите R1–R6.
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Плоснат одвртувач
– Крстест одвртувач
– Аголник
Монтирање на плочата за вметнување (види слика b)
– Закачете ја плочата за вметнување 31 во задните
жлебови 45 на отворот на алатот.
– Поместете ја плочата за вметнување надолу.
– Притиснете на плочата за вметнување додека не се
вклопи во отворот на алатот.
Предната страна на плочата за вметнување 31 мора да
биде во рамна линија со или малку под масата за пилата, а
задната страна мора да биде во рамна линија со или малку
над масата за пилата. (види и „Подесување на нивото на
плочата за вметнување", страна 330)
Монтирање на заштитната хауба* (види слика c)
* во зависност од изведбата за односната земја
– Свртете ја курблата 20 во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што листот на пилата
32 се наоѓа во највизоката можна позиција над столот
на пилата.
– Закачете ја заштитната хауба 5.x во жлебот во клинот за
расцепување 7.
– Затегнете го затегнувачкиот лост 46.1.
или
Затегнете ја завртката за затворање 46.2 со клучот со
внатрешна шестаголна глава 37.
– Поставете ја заштитната хауба според висината на
предметот за обработка.
Заштитната хауба при сечење мора секогаш да стои
лабаво на предметот за обработка.
Напомена: Затегнувачкиот лост 46.1 има слободен од, за
да можете да го вртите во ергономски поволна позиција
или во позиција со заштеда на простор.
На затегнатиот лост тргнете ја дршката од заштитната
хауба, свртете ја во саканата позиција и оставете ја
повторно да се врати во претходната положба.
1 609 92A 467 | (16.3.18)
Монтирање на продолжетокот за масата (види слика d)
При монтажата користете го сетот за прицврстување за
„продолжетокот за масата " 43. (2 завртки за
прицврстување, 2 подлошки, 1 вилушкаст клуч)
– Прицврстете го продолжетокот за масата 10 со
водилките 24.
Вдлабнатините во продолжетокот на масата мора да
покажуваат нагоре.
Монтирање на паралелниот граничник (види слика e)
Паралелниот граничник 8 може да се позиционира лево
или десно од листот за пилата.
– Олабавете ја затегнувачката дршка 47 на паралелниот
граничник 8.
На тој начин се растеретува V-водилката 48.
– Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-
водилката во водечкиот жлеб 30 на масата за пила.
Потоа позиционирајте го паралелниот граничник во
предниот водечки жлеб 35 на масата за пила.
Сега паралелниот граничник може да го поместувате по
желба.
– За фиксирање на паралелниот граничник притиснете ја
затегнувачката дршка 47 надолу.
Монтирање на дополнителниот паралелен граничник
(види слика f)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник 49 на паралелниот
граничник 8.
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник 8.
За монтажа на сетот за прицврстување користете го
„дополнителниот паралелен граничник" 39. (3 завртки за
прицврстување, 3 подлошки, 3 пеперутка-навртки)
– Провлечете ги завртките за прицврстување низ
страничните отвори на паралелниот граничник 8.
Главите на завртките служат како водилка на
дополнителниот паралелен граничник.
– Поместете го дополнителниот паралелен граничник 49
над главите на завртките за прицврстување.
– Поставете ги подлошките на завртките за
прицврстување и затегнете ги завртките со помош на
пеперутка-навртките .
Монтирање на аголниот граничник (види ги сликите
g1–g2)
– Ставете ја шината 50 на аголниот граничник 3 во
соодветните жлебови на водилката 9 на масата за пила.
Напомена: Позицијата на аголниот граничник може да се
фиксира во левиот водечки жлеб со затегнување на
завртката со нарецката глава 51 на подвижните лизгачи.
За подобро налегнување на долгите делови за обработка
аголниот граничник може да се прошири низ профилната
шина 34 .
– По потреба монтирајте ја профилната шина со помош
на сетот за прицврстување 52 на аголниот граничник.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières