Bosch GTS 10 XC Professional Notice Originale page 325

Masquer les pouces Voir aussi pour GTS 10 XC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 43
OBJ_BUCH-1375-005.book Page 325 Friday, March 16, 2018 9:47 AM
Фиксна или флексибилна монтажа
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика h)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 16.
Монтажа на Bosch-работна маса (види слика i)
Работните маси на Bosch (на пр. GTA 6000) на
електричниот апарат му нудат стабилност на секоја
подлога со помош на ногарките што се подесливи во
висина.
 Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
 Монтирајте ја прописно работната маса, пред да го
монтирате електричниот уред. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од нејзино
распаѓање.
– Монтирајте го електричниот апарат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Bosch Power Tools
Чистење на долниот поклопец на листот за пилата
(види слика j)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини можете да го отворите
долниот поклопец на листот за пилата 54.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Електричниот алат навалете го на страна.
– Отстранете ја подната плоча 44.
– Олабавете ја завртката за прицврстување 55 и
отворете го долниот поклопец на листот за пилата 54.
– Отстранете ги искршените делови од работниот дел и
струготините.
– Затворете го долниот поклопец на листот за пилата и
повторно завртете го.
Повторно завртете ја подната плоча.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
Надворешно вшмукување (види слика k)
Употребете го испорачаниот адаптер за вшмукување 41,
за да приклучите вшмукувач за прав на исфрлувачот на
струготини 40.
– Прицврстете го адаптерот за вшмукување 41 и цревото
на вшмукувачот за прав.
– За зголемување на капацитетот на вшмукување, со
помош на Y-адаптерот (опрема), можете да приклучите
вшмукувач за прав на млазниците за вшмукување 6.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Менување на листови за пилата (види ги
сликите l1– l4)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Со одвртувач подигнете ја плочата за вметнување 31 од
напред и извадете ја од отворот на алатот .
Македонски | 325
1 609 92A 467 | (16.3.18)

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières