Milwaukee M12 FTB Notice Originale page 70

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка или
да предизвика повратен удар.
g) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар како
резултат на заглавен диск за делење. Големи материјали за
обработка може да свијат како последица на својата тежина.
Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете
страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на
работ.
h) Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување
во постоечки ѕидови или други армирани површини. Дискот
што навлегува може да предизвика повратен удар при сечење
во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или
други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија за
шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по однос
на големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање
што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да
предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите
или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата со
четките со жица:
a) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка и за
време на вообичаената употреба губи парчиња жица. Не
ги преоптоварувајте жиците со премногу висок притисок
на притиснување. Парчиња жица кои што се разлетуваат, би
можеле многу лесно да продрат низ лесна облека и/или кожата.
b) Дозволете ù на четкичката да работи со работна брзина
барем една минута пред да ја користите. За ова време,
никој не треба да стои пред или покрај четкичката. При ова
воведно стартување, ќе бидат исфрлени лабавите влакна или
жички.
c) Отпадоците од ротирачката жичена четка насочете ги
спротивно од Вас. Малите честички и ситните парченца од
жицата може да бидат исфрлени под голема брзина за време на
употребата на овие четки, и да Ви се забоднат во кожата.
Безбедносни упатства за сите операции
Држете го електричниот алат за издадените површини при
изведување на операции при кои алатот за сечење можат
да дојдат во контакт со скриени жици. Контакт со жица под
напон исто така ќе направи проводници од металните делови и
оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
Безбедносни упатства кога користите долги бургии за
дупчење
Никогаш не користете на повисока брзина од максималната
брзина на бургијата за дупчење. На повисоки брзини,
бургијата може да се извитка ако се остави слободно да се врти
без да го допира парчето за обработка и да доведе до телесна
повреда.
Секогаш започнете го дупчењето со мала брзина и со врвот
на бургијата во контакт со парчето за обработка. На повисоки
брзини, бургијата може да се извитка ако се остави слободно да
се врти без да го допира парчето за обработка и да доведе до
телесна повреда.
Применете притисок само во директна линија со бургијата
и да не применувате прекумерен притисок. Бургиите може да
се извиткаат и да предизвикаат кршење или губење на контрола
и да дојде до телесна повреда.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона
на искрење). Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат
телото.
138
Користетe само соодветни приклучоци и неоштетени клучови.
Алатките за вметнување мораат да работат целосно
концентрично. Не продолжувајте да користите алати за
вметнување кои не вртат правилно. Заменете ги пред да
продолжите со работа.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Вметнатиот алат треба целосно да запре пред да го оставите.
Во екстремни услови, (на пр. фино брусење на метал со дискот
за пилевина и вулканизирани влакна), во внатрешната страна
на брусилката може да се напластат остатоци.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Секогаш користете ги и чувајте ги додатоците според упатствата
на производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгореници! Дискот и
работниот дел ќе се вжештат при употребата. Носете ракавици
кога ги менувате дисковите или го допирате работниот дел.
Дланките нека ви бидат постојано настрана од делот што го
брусите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Не користете го овој алат на производи што содржат азбест.
Одредете го составот на работната површина пред да започнете
со работа. Азбестот треба да го отстранува само обучен
професионалец.
Од спецификациите што ги обезбедил производителот на
алатот, може да се употребат димензиите на внатрешната
дршка L
за да се пресмета максимално дозволената брзина на
употребениот алат. Не смее да биде помала од максималната
0
брзина на алатот.
Парчето за работа мора да биде прицврстено ако не е
доволно тешко за да стои мирно. Никогаш немојте рачно да го
поместувате парчето за работа кон алатот за вметнување кој
ротира.
Отстранете ја прашината и остатоците од телото на
прирабницата и исчистете ја бургијата на алатот за вметнување
пред да ја поставите.
Алатот за вметнување треба да биде заштитен од:
• влага и екстремна влажност
• каков било растворувач
• големи промени во температурата
• паѓање и удари
Алатот за вметнување треба да се чува:
• на организиран начин, за да може алатот за вметнување да
се отстрани без да ги попречува или оштети другите алати за
вметнување
• заедно со безбедносните информации
Алатите за вметнување НЕ треба да паѓаат, да се тркалаат или
да се удираат.
Фрлете ги алатите кои биле паднати, тркалани или удрени, кои
подлежеле на екстремни промени во температурата или пак
биле во допир со растворувачи или влага.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M12 за полнење на батерии од
M12 систем. Не користете батерии од друг систем.
МАКЕДОНСКИ
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Стругачите за гуми кои работат со мала брзина се користат за
поправка на гуми/делови на гума што се состои од дупчење на
оштетеното место и стругање на внатрешноста од гумата.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите
на приборот. Eлектричното орудие е прикладно само за сува
обработка.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете. Во случај на
екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење
сè додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за
полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Инсталирање на додатоци
1. Отстранете ја прашината и остатоците од телото на стегачот
пред да го вметнете додатокот.
2. Вметнете го стегачот со навртката на стегачот прикачена
во телото на стегачот. Навртете ја навртката на стегачот на
вретеното, не затегнувајте ја засега.
3. Исчистете го додатниот трн, потоа вметнете го најмалку 1"
(25,4 mm) во стегачот. Трнот ќе излегува од стегачот и додатокот
околу 1/2" (12,7 mm).
Стегач
Collet
Трн
Mandrel
Делот што
Overhang
излегува е околу
about 1/2"
Вметнете го трнот
Insert mandrel
1/2" (12,7 mm)
најмалку
a minimum of 1" inside the collet
1" (25,4 mm) во
стегачот
4. Стабилно држете го вратилото на вретеното со вилушкаст
клуч од 1/2 "(12,7 mm) и цврсто затегнете ја навртката на
стегачот со вилушкаст клуч од 11/16" (17,5 mm).
5. Направете ја оваа постапка по обратен редослед кога го
вадите додатокот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да се намали ризикот од повреда,
секогаш затегнувајте го цврсто стегачот на брусилките и
исчистете ги трновите пред да ги вметнете во стегачот. Во
спротивно, при ротација на алатката со голема брзина може
да дојде до излетување на додатокот од стегачот.
Oперација
Ако штотуку сте инсталирале додаток или започнувате со
работа, тестирајте го така што ќе го оставите да се врти една
минута пред да го користите на работното парче.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Никогаш не користете додаток што ви
паднал. Неизбалансираните или оштетени додатоци може да
го оштетат работното парче и/или алатот и да предизвикаат
оптоварување што може да предизвика дефект на додатокот.
Користете менгеме или други практични алатки за држење на
работното парче.
Почекајте додатокот да ја постигне максималната брзина пред
да почнете да го користите.
Контролирајте го притисокот и површината на контакт помеѓу
додатокот и работното парче. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Никогаш
не удирајте со додатоците во работното парче. Преголемиот
притисок предизвикува дефект на додатоците или ја забавува
брзината.
МАКЕДОНСКИ
Дополнителна опрема
Accessory
139

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières