Télécharger Imprimer la page

Beko RDNE650E60DZXHN Manuel De L'utilisateur page 249

Publicité

7
Одржување и чистење
7.2 Чистење на моделите
со стаклени врати
Извадете ја заштитната фолија од
стаклата.
На површината на стаклата има
заштитна обвивка. Оваа обвивка го
сведува на минимум создавањето
дамки и го олеснува чистењето на
дамките и нечистотијата. Стаклата
кои не се заштитени со обвивка
може трајно да се врзат со органски
или неоргански, воздушни или
водени загадувачи како што се
бигор, минерални соли, несогорени
јаглеводороди, метални оксиди и
силикони, поради што за кратко
време ќе настанат дамки и физички
оштетувања. Во тој случај ќе биде
многу тешко, па дури и невозможно,
стаклата да останат чисти иако
редовно се бришат. Така ќе се
намали проѕирноста и убавиот
изглед на стаклото. За тоа ќе
придонесат и тврдите и абразивни
методи и средства за чистење, кои го
забрзуваат процесот на оштетување
на стаклото.
За редовно чистење *треба да се
користат неалкални и некорозивни
средства за чистење кои содржат
вода.
За да трае подолго оваа заштитна
обвивка, при чистењето не треба
да се користат алкални и корозивни
супстанции.
При изработката на овие стакла
применет е процес на калење за да се
зголеми нивната отпорност на удари и
кршење.
Како дополнителна мерка на
претпазливост, на задната површина
на овие стакла е нанесен еден
заштитен слој за да не ѝ се наштети
на околината во случај да се скршат.
Фрижидер / Упатство за употреба
7.3 Спречување на миризби
Производот е изработен од
материјали што не испуштаат
миризби. Сепак, ако храната се
чува во несоодветни прегради и ако
внатрешните површини не се чистат
како што треба, може да се појават
миризби.
За да не дојде до тоа, на секои 15
дена чистете ја внатрешноста на
фрижидерот со карбонизирана вода.
Чувајте ја храната во херметички
затворени садови. Од нехерметички
затворената храна може да се
рашират микроорганизми и да
предизвикаат лоша миризба.
Не чувајте во фрижидерот храна
со поминат рок и расипана храна.
C
Чајот е едно од најефикасните
средства за отстранување
миризби. Ставете ја пулпата
од процедениот чај во отворен
сад во фрижидерот и извадете
ја најдоцна по 12 часа. Ако
пулпата стои во фрижидерот
подолго од 12 часа, на неа ќе
се соберат организмите што
предизвикуваат миризби, па
тогаш и самата пулпа ќе стане
извор на миризба.
7.4 Заштита на пластичните
површини
Маслото што ќе се излее врз
пластичните површини може да ја
оштети површината и затоа треба
веднаш да се исчисти со топла вода.
33 / 36 МК

Publicité

loading