Télécharger Imprimer la page

Beko RDNE650E60DZXHN Manuel De L'utilisateur page 238

Publicité

Користење на производот
6.14 Пластична корпа за свежа храна
Пластичната корпа е наменета да го
одржува зеленчукот свеж на тој начин што
ја задржува влажноста. За таа цел, во
корпатата за свежа храна циркулирањето
на студениот воздух е засилено. Чувајте
ги овошјето и зеленчукот во овој оддел.
Лиснатиот зеленчук и овошјето чувајте ги
одвоено за да траат подолго.
6.15 Сепаратор на
пластичната корпа
Етиленски филтер
Етиленскиот филтер помага да се
отстрани етиленскиот гас и лошите
миризби што ги испуштаат зеленчукот и
овошјето во пластичната корпа.
Со помош на сепараторот, овошјето што
создава високи концентрации на етиленски
гас, како што се крушите, кајсиите,
праските и особено јабоката, може да
го ставите во иста пластична корпа со
другиот зеленчук и овошје.
Етиленскиот гас што го испуштаат овие
овоштија може да предизвика другиот
зеленчук и овошје да созрее и да скапе за
пократко време.
Благодарение на сепараторот, може
да постигнете свежата храна, особено
лиснатиот зеленчук кој е осетлив на
етиленски гас, да остане свежа подолго
време.
Може да ја чувате храната подолго време
на тој начин што ќе ги ставате намирниците
осетливи на етиленски гас во една од
преградите одвоени со сепараторот, а
намирниците што создаваат етиленски гас
ќе ги ставате во друга преграда.
Подолу се наведени намирниците кои
создаваат етиленски гас и намирниците кои
се осетливи на етиленски гас.
Намирници
кои создаваат
етиленски гас
Јаболко,
круши, кајсии,
праски,
нектарини,
авокадо, киви,
модри сливи,
смокви, дуњи,
домати
6.16 Чистење на
етиленскиот филтер
Етиленскиот филтер треба да се чисти
еднаш годишно.
Извадете го етиленскиот филтер
повлекувајќи го капакот на филтерот
нагоре, како што е прикажано на сликата.
22 / 36 МК
Фрижидер / Упатство за употреба
Намирници кои
се осетливи на
етиленски гас
Свеж лиснат зеленчук
(како што е марула,
магдонос), јагоди,
цреши, грозје,
портокал, мандарини,
ананас, лимон,
краставици, брокула,
пиперки, модар
патлиџан, бамји,
тиквички

Publicité

loading