Télécharger Imprimer la page

Beko RDNE650E60DZXHN Manuel De L'utilisateur page 248

Publicité

7
Одржување и чистење
B
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Најнапред прочитајте го
делот „Информации за
безбедноста"
B
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Извадете го приклучокот на
фрижидерот од штекер пред
да го чистите.
Не користете остри или абразивни
предмети за чистење на фрижидерот.
Не користете материјали како
што се средства за чистење во
домаќинството, сапун, детергенти,
гас, бензин, алкохол, восок итн.
Прашината треба да се чисти од
вентилационата решетка на задниот
дел на фрижидерот барем еднаш
годишно (без да се отвора капакот).
Таа треба да се чисти со сува крпа.
За производи со автоматска пумпа
за вода / ледомат
• Ако водата стоела во резервоарот 2-3
седмици, треба да се смени.
• Резервоарот за вода и компонентите на
автоматската пумпа за вода не треба да
се мијат во машина за садови.
Измешајте во вода една лажичка
карбонат. Натопете едно крпче во
водата и исцедете го. Избришете
го уредот со крпчето и добро
пребришете го со сува крпа.
Внимавајте водата да не дојде во
допир со поклопецот на сијаличката
и другите електрични делови.
Исчистете ја вратата со влажна
крпа. Испразнете го фрижидерот за
да ја извадите вратата и полиците во
фрижидерот. Извадете ги полиците
на вратата подигајќи ги нагоре.
Исчистете ги и исушете ги полиците,
а потоа вратете ги назад лизгајќи ги
одозгора.
Не користете хлорирана вода
или средства за чистење на база на
хлор врз надворешната површина и
хромираните делови на фрижидерот.
Хлорот ќе предизвика корозија на тие
метални површини.
Не користете остри и абразивни
предмети, сапун, материјали
!
32 / 36 МК
за чистење во домаќинството,
детергенти, гас, бензин, политура
и слични супстанции за да не се
деформираат пластичните делови
и не користете такви средства
за отстранување на отпечатоци
од прсти. Користете млака вода
и мека крпа за чистење, а потоа
пребришете со сува крпа.
Кај фрижидерите што немаат
антифрост одлика, на задниот
ѕид на комората за замрзнување
може да се појават водени капки и
мразулци со дебелина на прст. Не ги
вадете и не нанесувајте масла или
слични материјали.
Употребете малку навлажнета
микрофибер крпа за да ја исчистите
надворешната површина на
фрижидерот. Сунѓерите и други крпи
за чистење може да предизвикаат
гребнатини.
За да ги исчистите сите
компоненти што можат да
се извадат додека се чисти
внатрешната површина на
фрижидерот, измијте ги со благ
раствор од сапун, вода и карбонат.
Исплакнете ги и добро исушете
ги. Внимавајте да не дојдат во
допир со вода елементите за
осветлување и контролната табла.
ВНИМАНИЕ:
Не користете оцет,
A
алкохол или други
средства што содржат
алкохол за да ја
исчистите било која
внатрешна површина.
7.1 Надворешни површини
од не'рѓосувачко железо
Употребете неабразивно средство
за чистење на не'рѓосувачко железо,
кое ќе го нанесете на мека крпа што
не остава влакненца. На крајот нежно
избришете ја површината со мокра
микрофибер крпа и исполирајте со
сува еленска кожа. Секогаш следете
ги линиите на не'рѓосувачкиот челик.
Фрижидер / Упатство за употреба

Publicité

loading