Работење Со Целна Табла За Ласерот; Работење Со Статив (Опрема); Ласерски Заштитни Очила (Опрема); Работење Со Ѕиден Држач И Единица За Израмнување (Види Слика D) - Bosch GRL 600 CHV Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 57
562 | Македонски
Големината на ласерската точка одн. ширината на
ласерската линија се менува согласно растојанието.
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
u
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (51) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на
ласерот (51) ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната површина ласерската линија
е видлива и од задната страна на целната табла на
ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. За хоризонталниот режим
поставете го мерниот уред со 5/8"-прифатот на
стативот (18) на навојот на стативот (43). Зацврстете го
мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
За вертикалниот режим користете го 5/8"-прифатот на
стативот (20).
Кај статив со мерна скала на извлекување може директно
да го подесите отстапувањето по висина.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро
распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како очила за сонце или
пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето
на бои.
Работење со ѕиден држач и единица за израмнување
(види слика D)
Мерниот уред можете да го прицврстите на ѕидот со
помош на ѕидниот држач и единицата за
израмнување (44). Користењето на ѕидниот држач се
препорачува на пр. при работење, кои е над висината на
извлекување на стативот, или при работење на
нестабилна подлога и без статив.
Прицврстете го ѕидниот држач (44) со завртките во
отворите за прицврстување (45) на ѕидот. Монтирајте го
ѕидниот држач колку што може повертикално и
внимавајте да обезбедите стабилно прицврстување.
Завртете ја 5/8"-завртката (48) на ѕидниот држач во
зависност од примената во хоризонталниот прифат за
1 609 92A 6AE | (28.05.2021)
статив (18) или вертикалниот прифат за статив (20) на
мерниот уред.
Со помош на единицата за израмнување можете да го
поместите мерниот уред во опсег од околу 13 cm висина.
Притиснете го копчето за притиснување (46) и поместете
ја единицата за израмнување грубо до саканата висина.
Со завртката за фино подесување (47) можете да го
израмните ласерскиот зрак точно со референтната
висина.
Работење со мерна летва (опрема) (види слика E)
За контрола на рамнини или за нанесување на косини се
препорачува користење на мерна летва (42) заедно со
ласерскиот приемник.
На мерната летва (42) горе има нанесено релативна
мерна скала. Нејзината нулта висина може да ја изберете
долу на излезот. На тој начин директно се отчитуваат
отстапувањата од зададената висина.
Примери за работа
Пренесување/контрола на висини (види слика F)
Поставете го мерниот уред во хоризонтална положба на
цврста подлога или монтирајте го на статив (43)
(опрема).
Работење со статив: израмнете го ласерскиот зрак на
саканата висина. Пренесете ја одн. проверете ја висината
на целното место.
Работење без статив: одредете ја висинската разлика
помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната
точка со помош на целната табла на ласерот (51).
Пренесете ја одн. проверете ја измерената висинска
разлика на целното место.
Израмнете ја паралелно точката на вертикалата
нагоре/нанесете прав агол (види слика G)
Доколку треба да се нанесе прав агол или да се израмнат
меѓуѕидовите, мора да ја израмните точката на
вертикалата нагоре (10) паралелно, т. е. на исто
растојание со референтната линија (на пр. ѕид).
За ова, поставете го мерниот уред во вертикална
положба и позиционирајте го на тој начин што точката на
вертикалата нагоре ќе оди скоро паралелно на
референтната линија.
За точно позиционирање измерете го растојанието меѓу
точката на вертикалата нагоре и референтната линија
директно на мерниот уред со помош на целната табла за
ласерот (51). Измерете го одново растојанието помеѓу
точката на вертикалата нагоре и референтата линија во
што е можно поголемо растојание од мерниот уред.
Насочете ја точката на вертикалата нагоре, така што ќе
има исто растојание до референтната линија, како и при
мерењето директно на мерниот уред.
Ќе се прикаже правиот агол до точката на вертикалата
нагоре (10) со варијабилниот ласерски зрак (8).
Прикажување на вертикала/вертикално ниво
(види слика G)
За прикажување на вертикала одн. вертикално ниво,
поставете го мерниот уред во вертикална положба.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl 650 chvgRc 6 professional

Table des Matières