Проверка На Точноста На Нивелирање Во Вертикална Положба; Калибрирање На Мерниот Уред; Калибрирање На X И Y-Оската - Bosch GRL 600 CHV Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 57
d
– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Оставете го да се нивелира и обележете ја
средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка Ⅱ).
Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да лежи вертикално над
одн. под точката Ⅰ.
Повторете ја мерната постапка за другата оска. Вртете го
мерниот уред пред почетокот на мерната постапка за 90°.
На мерната линија од 30 m максималното дозволено
отстапување изнесува ±1,5 mm. Разликата d меѓу
точките Ⅰ и Ⅱ кај секоја од двете мерни постапки смее да
изнесува најмногу 3 mm.
Проверка на точноста на нивелирање во вертикална
положба
За проверка потребна е една слободна мерна линија на
цврста подлога пред 10 m висок ѕид. Прицврстете еден
висулец на ѕидот.
– Поставете го мерниот уред во вертикална положба на
цврста рамна подлога. Вклучете го мерниот уред и
оставете го да се нивелира.
– Израмнете го мерниот уред на тој начин што
ласерскиот зрак ќе дојде точно во средина на горниот
крај на висулецот. Разликата d помеѓу ласерскиот зрак
и висулецот на долниот крај на висулецот го дава
отстапувањето на мерниот уред од вертикалата.
При 10 m висока мерна линија, максималното дозволено
отстапување изнесува ±1 mm. Според тоа, разликата d
смее да изнесува најмногу 1 mm.
Калибрирање на мерниот уред
Следните интервенции може да се вршат само од страна
на школуван и квалифициран персонал. Мора да биде
позната регуларноста при вршење на проверка на
точноста или калибрација на мерниот уред.
Bosch Power Tools
Извршете ја калибрацијата на мерниот уред
u
прецизно или оставете го мерниот уред Bosch-на
180°
контрола во сервисната служба. Непрезицната
калибрација води до погрешни резултати при
мерењето.
Стартувајте ја калибрацијата доколку мора да се
u
изврши калибрација на мерниот уред. Штом
мерниот уред е во режим на калибрација,
калибрацијата мора да се изврши до крај, за да не
произлезат погрешни резултати од мерењето.
После секое калибрирање проверете ја точноста на
нивелирањето (види „Контрола на точноста на мерниот
уред", Страница 558). Доколку отстапувањето лежи
надвор од максимално дозволените вредности, оставете
го мерниот уред на контрола во сервисната служба
Bosch.
Калибрирање на X и Y‑оската
Калибрирањето на GRL 600 CHV е можно само со помош
на ласерскиот приемник LR 60, калибрирањето на
GRL 650 CHVG само со LR 65 G. Ласерскиот приемник
мора да биде поврзан со мерниот уред преку
Bluetooth® (види „Воспоставете врска со далечински
управувач/ласерски приемник", Страница 552).
Мерниот уред и ласерскиот приемник не смеат да се
менуваат во позиција за време на калибрирањето (со
исклучок на опишаните израмнувања одн. вртења).
Затоа, поставете го мерниот уред на цврста, рамна
површина и прицврстете го ласерскиот приемник.
Ако е можно, калибрирањето треба да се изврши
преку Bosch Levelling Remote App. Со контролирањето
преку апликацијата се отстранува можноста за грешки,
бидејќи во спротивно, мерниот уред со невнимателно
притискање на копчињата може да се промени во
позиција.
При калибрирање без апликација мора да се притиснат
соодветните копчиња на мерниот уред, далечинскиот
управувач не може да се користи за време на
калибрирањето.
Потребна е една слободна мерна линија од 30 m на
цврста подлога. Доколку не е достапна таква мерна
линија, калибрирањето може да се изврши и со помала
d
точност на нивелирање на 15 m долга мерна линија.
Монтирање на мерен уред и ласерски приемник за
калибрирањето:
Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална
положба 30 m одн. 15 m на растојание од ласерскиот
приемник на стативот (43) или поставете го на цврста,
рамна подлога.
Прицврстете го ласерскиот приемник во соодветна
висина:
– или на ѕид или на друга површина со магнети или кука
за закачување на ласерски приемник,
– или на стабилно прицврстена помошна алатка со
држачот на ласерскиот приемник.
Притоа внимавајте на упатството за користење на
ласерскиот приемник.
Македонски | 559
1 609 92A 6AE | (28.05.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl 650 chvgRc 6 professional

Table des Matières