Режим На Косина Во Хоризонтална Положба; Меморија На Степенот На Навалување За Режимот На Косина При Хоризонтална Положба (Grl 650 Chvg); Slopeprotect; Рачен Режим - Bosch GRL 600 CHV Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 57
556 | Македонски
За да ја промените поставката за функцијата
за предупредување за удар, притиснете
кратко на копчето за вклучување/
исклучување (11). Во следното мени
(GRL 600 CHV)
притискајте го постојано копчето за
вклучување/исклучување (11), додека не ја
изберете саканата поставка. Потврдете го
вашиот избор со  , со притискање на
копчето за подесување на косината (14).
(GRL 650 CHVG)
Ако е вклучена функцијата за предупредување за удар,
ќе се активира по околу 30 s.
Режим на косина во хоризонтална положба
Во хоризонталната положба на мерниот уред, X‑оската и
Y‑оската можат независно една од друга да се накосуваат
во опсег од ±8,5 %.
За накосување на X‑оската еднаш
притиснете на копчето за
подесување на косината (14) на
мерниот уред или на копчето за
подесување на косината (31) на
далечинскиот управувач. Се
појавува менито за подесување на
косината на X‑оската.
Со копчињата ▲ (4) одн. ▼ (3) на мерниот уред или со
копчето за косина нагоре (30) одн. надолу (35) на
далечинскиот управувач подесете ја саканата косина. Со
истовремено притискање на двете копчиња за косина на
мерниот уред или на далечинскиот управувач, косината
ќе се ресетира на 0,00 %.
За накосување на Y‑оската повторно
притиснете на копчето за
подесување на косината (14) на
мерниот уред или на копчето за
подесување на косината (31) на
далечинскиот управувач. Се
појавува менито за подесување на
косината на Y‑оската.
Подесете ја саканата косина, како што е опишано за
X‑оската.
Неколку секунди по последното
притискање на копчето ќе се
спроведе саканата косина на
мерниот уред. До завршувањето на
подесувањето на косината трепка
ласерскиот зрак како и ознаката за
подесување на косината на екранот.
По завршувањето на подесувањето
на косината на почетниот екран се
прикажуваат поставените вредности
на косина на двете оски. Приказот
за статус (12) на мерниот уред
свети црвено постојано. На
далечинскиот управувач свети
црвено постојано приказот за статус
на накосената оска ((34) и/или (33)).
1 609 92A 6AE | (28.05.2021)
Меморија на степенот на навалување за режимот на
косина при хоризонтална положба (GRL 650 CHVG)
Мерниот уред ги зачувува 4-те вредности на косина на
двете оски што сте ги користеле последниот пат.
Алтернативно на новата поставка за косина може да ги
преземете овие зачувани комбинации на косина.
Стартувајте го режимот на косина за X‑оската (види
„Режим на косина во хоризонтална положба",
Страница 556).
За отворање на меморијата за
степенот на косина притиснете го
копчето за линиски режим (5) на
мерниот уред или копчето за
линиски режим (28) на
далечинскиот управувач.
За да изберете една од 4-те
зачувани комбинации, притискајте
го копчето за линиски режим (5) на
мерниот уред или копчето за
линиски режим (28) на
далечинскиот управувач додека не
се прикаже саканата комбинација на
екранот.
За да го потврдите изборот, притиснете го копчето за
подесување на косина (14) на мерниот уред ( ) или
копчето подесување на косина (31) на далечинскиот
управувач. Неколку секунди по притискањето на копчето
ќе се спроведе комбинацијата за косина на мерниот
уред (види „Режим на косина во хоризонтална положба",
Страница 556).
За да изберете други вредности од оние што се зачувани,
притиснете го копчето ▲ (4) на мерниот уред (
копчето за косина нагоре (30) на далечинскиот
управувач. Приказот се враќа назад во менито за
подесување на режимот за косина (види „Режим на
косина во хоризонтална положба", Страница 556).

SlopeProtect

Промената на температурата на мерниот уред може да
влијае на поставената косина на оските.
Со цел да се избегнат грешките при мерењето, косината
на оските се прилагодува кога ќе се надмине поставената
температурната разлика: Уредот за мерење се нивелира
сам по себе, а потоа се враќа во режим на косина со
последните поставени вредности.
Косината се ресетира кога температурата се менува
≥5 °C.
GRL 650 CHVG: Со помош на Bosch Levelling Remote
App може да се намали температурната разлика на 2 °C
или да се исклучи функцијата SlopeProtect. Поставката
не се зачувува при исклучување на мерниот уред.
Рачен режим
Автоматиката за нивелирање на мерниот уред може да се
исклучи (рачен режим):
– во хоризонталната положба за двете оски независно
една од друга,
) или
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl 650 chvgRc 6 professional

Table des Matières