Рачен Режим Во Хоризонтална Положба; Рачен Режим Во Вертикална Положба; Функции; Режим Centerfind - Bosch GRL 600 CHV Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 57
– во вертикалната положба за X‑оската (Y‑оската во
вертикалната положба не може да се нивелира).
При рачен режим мерниот уред може да се постави во
саканата косина. Дополнително оските можат независно
една од друга да се накосуваат во опсег од ±8,5 % на
мерниот уред. Вредноста на косината на оска не се
прикажува на екранот при рачен режим.
Приказот за статус (12) на мерниот уред свети црвено
постојано, кога
– во хоризонталната положба е поставена најмалку една
оска на рачен режим,
– во вертикалната положба X‑оската е поставена на
рачен режим.
На далечинскиот управувач свети црвено постојано
приказот за статус на Y‑оската (34) одн. приказот за
статус на X‑оската (33), кога соодветната оска е
поставена на рачен режим.
Рачниот режим не може да стартува преку далечинскиот
управувач.
Рачен режим во хоризонтална положба
За исклучување на автоматиката за
нивелирање постојано притискајте
го копчето за рачен режим (13)
додека не ја постигнете саканата
комбинација на поставки за двете
оски. На илустрираниот екран за
пример автоматиката за
нивелирање за X‑оската е
исклучена, Y‑оската ќе продолжи да се нивелира.
За да накосите една оска со
исклучена автоматика за
нивелирање, притиснете го копчето
за подесување на косината (14),
додека е прикажано менито за
рачен режим.
Ако автоматиката за нивелирање е исклучена само за
една оска, можете да ја смените косината само на оваа
оска. При рачниот режим двете оски со повторно
притискање на копчето за подесување на косината (14)
можат да се менуваат помеѓу оските. На екранот трепка
ознаката за оската, чија косина може да се промени.
Накосете ја избраната оска со копчињата ▲ (4) одн. ▼ (3)
до саканата позиција.
Рачен режим во вертикална положба
За исклучување на автоматиката за
нивелирање за X‑оската притиснете
го еднаш копчето за рачен
режим (13). (Y‑оската не може да се
нивелира во вертикална положба.)
Bosch Power Tools
За да ја накосите X‑оската без
автоматиката за нивелирање,
притиснете го копчето за
подесување на косината (14),
додека е прикажано менито за
рачен режим. На екранот трепка
ознаката за X‑оската.
Накосете ја X‑оската со копчињата ▲ (4) одн. ▼ (3) до
саканата позиција.
За да ја вртите Y‑оската, повторно
притиснете на копчето за
подесување на косината (14),
додека е прикажано менито за
рачен режим. На екранот трепка
ознаката за Y‑оската.
Вртете ја Y‑оската со копчињата ▲ (4) одн. ▼ (3) до
саканата позиција.
Функции
Режим CenterFind
Во режимот CenterFind мерниот уред автоматски се
обидува да се израмни со средишната линија на
ласерскиот приемник со движење на ротационата глава
на ласерскиот зрак нагоре-надолу. Ласерскиот зрак може
да се израмни со X или Y‑оската на мерниот уред.
Режимот CenterFind стартува на ласерскиот приемник.
Притоа читајте го и внимавајте на упатството за
користење на ласерскиот приемник.
За време на пребарувањето се
појавува ознаката CenterFind за
едната или за двете оски на екранот
на мерниот уред и приказот за
статус (12) трепка црвено.
Ако ласерскиот зрак може да се израмни со средишната
линија на ласерскиот приемник, режимот CenterFind
автоматски завршува и пронајдената косина се
прикажува на почетниот екран.
Ако ласерскиот зрак не може да се
израмни со средишната линија на
ласерскиот приемник, ротацијата на
ласерскиот зрак прекинува и на
екранот се појавува порака за
грешка. Притиснете на некое копче
за да ја затворите пораката за
грешка. Соодветната оска повторно се израмнува на 0 %.
Проверете дали мерниот уред и ласерскиот приемник се
правилно поставени и стартувајте го одново режимот.
Ласерскиот приемник мора се наоѓа во поле на
навалување ±8,5 % на мерниот уред.
Напомена: При користење на режимот CenterFind, може
да се промени поставката за двете оски иако едната
оската не е израмнета на ласерскиот приемник.
Македонски | 557
1 609 92A 6AE | (28.05.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl 650 chvgRc 6 professional

Table des Matières