Промени Во Положбата; Функција За Предупредување За Удар - Bosch GRL 600 CHV Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 57
За време на нивелирањето на
екранот трепка ознаката за
нивелирање. Истовремено трепкаат
зелено приказот за статус (12) на
мерниот уред како и приказот за
статус на соодветната оска ((34)
одн. (33)) на далечинскиот
управувач.
До завршувањето на нивелирањето ротацијата запира и
ласерските зраци трепкаат. По успешно завршување на
нивелирањето се појавува почетниот екран. Ласерските
зраци светат постојано и ротацијата започнува. Постојано
светат зелено приказот за статус (12) на мерниот уред
како и приказот за статус на нивелираната оска ((34) одн.
(33)) на далечинскиот управувач.
Ако мерниот уред стои повеќе од
8,5 % косо или е поставен поинаку
од хоризонтална или вертикална
положба, нивелирањето не е повеќе
можно. На екранот се појавува порака за грешка и
приказот за статус (12) трепка црвено.
Одново позиционирајте го мерниот уред и почекајте за
нивелирање.
Ако се надмине максималното
време за нивелирање,
нивелирањето се прекинува со
порака за грешка.
Одново позиционирајте го мерниот уред и кратко
притиснете на копчето за вклучување/исклучување (11),
за нивелирањето повторно да стартува.
Промени во положбата
Доколку мерниот уред е изнивелиран, постојано се
проверува хоризонталната одн. вертикалната положба.
При промени во положбата, автоматски се врши
нивелирање.
Минимални промени во положбата се израмнуваат без
прекин на работата. Потресите на подлогата или
временските услови се компензираат автоматски.
При големи промени во положбата за избегнување на
погрешни мерења за време на процесот на нивелирање,
ротацијата на ласерскиот зрак запира и ласерските зраци
трепкаат. На екранот се појавува ознаката за
нивелирање. Доколку е потребно, се активира
функцијата за предупредување за удар.
Мерниот уред самостојно ја препознава хоризонталната
одн. вертикалната положба. За менување меѓу
хоризонтална и вертикална положба исклучете го
мерниот уред, позиционирајте го одново и повторно
вклучете го.
Ако положбата се промени без
исклучување/вклучување, се
појавува порака за грешка и
приказот за статус (12) трепка
црвено со брзо темпо. Кратко
притиснете на копчето за
вклучување/исклучување (11), за
Bosch Power Tools
нивелирањето повторно да стартува.
Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар.
При промени на положбата одн. потреси на мерниот уред
или при вибрации на подлогата го спречува
нивелирањето во променета позиција и со тоа и грешките
поради поместување на уредот.
GRL 650 CHVG: Функцијата за предупредување за удар
има 2 степена на чувствителност. По вклучување на
мерниот уред, поставен е повисокиот степен на
чувствителност.
Активирање на предупредувањето за удар:
Функцијата за предупредување за
удар се вклучува стандардно. Ќе се
активира за околу 30 s по
вклучувањето на мерниот уред.
За време на активирањето на
екранот трепка приказот за
функцијата за предупредување за
удар (c). По активирањето приказот
постојано свети.
Активирано е предупредувањето за удар:
Доколку се промени положбата на
мерниот уред или се регистрира јак
потрес, тогаш се активира
предупредувањето за удари:
ротацијата на ласерот запира и се
појавува порака за грешка.
Приказот за статус (12) трепка
црвено со брзо темпо и се огласува
предупредувачки сигнал со брза секвенца.
Потврдете ја пораката за грешка со
копчето за подесување на косината (14) на мерниот уред
или копчето за подесување на косината (31) на
далечинскиот управувач. При работење со автоматиката
за нивелирање (вклучувајќи го режимот на косина)
нивелирањето се рестартира.
Сега проверете ја позицијата на ласерскиот зрак на
референтна точка и коригирајте ја висината одн.
израмнувањето на мерниот уред ако е потребно.
Менување/исклучување на функцијата за
предупредување за удар:
На почетниот екран се прикажува моменталната поставка
со приказот за предупредување за удар (c):
Функцијата за предупредување за удар е
вклучена со повисокиот степен на
чувствителност.
GRL 650 CHVG: Функцијата за
предупредување за удар е вклучена со
понискиот степен на чувствителност.
Функцијата за предупредување за удар е
исклучена.
Македонски | 555
, со притискање на
1 609 92A 6AE | (28.05.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl 650 chvgRc 6 professional

Table des Matières