Télécharger Imprimer la page

Dremel 3000 Traduction De La Notice Originale page 186

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 32
часовникот додека ја стегнете навртката на стезната
чаура.
5. Зашрафете го капчето повторно во неговата
првобитна положба.
СТЕЗНА ГЛАВА DREMEL 4486 (4300)
Стезната глава Dremel ви овозможува брзо и лесно да
ги менувате додатоците на алатите Dremel без да ги
менувате стезните чаури. Може да се користи прибор
со осовина од 0,8 – 3,2 mm.
За да се разлабави, притиснете го копчето за
блокирање на осовината прво и вртете ја осовината со
рака додека копчето не ја блокира осовината. Да не се
активира механизмот за заклучување на осовината
додека алатот работи.
Кога осовината е заклучена, користете клуч или EZ
Twist капчето за врв за да ја разлабавите стезната
глава и да ги отворите стегите.
Извадете го приборот од стезната глава. Доколку е
потребно, продолжете да ја разлабавувате стезната
глава за новиот прибор да влезе во стегите. Ставете
го новиот додаток во стезната глава доволно длабоко
така што ќе има растојание од 6 mm помеѓу крајот
на стезната глава и почетокот на работниот дел на
додатокот. Додека осовината е заклучена, затегнете ја
стезната глава со помош на капачето за врвот EZ Twist
или клучот за да го прицврстите додатокот.
СОВЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТЕЗНАТА ГЛАВА
DREMEL
Стезната глава Dremel и стезната чаура и системот
на завртки за стезната чаура се заменливи делови
на овој алат. Стезната глава ќе ви помогне лесно
да ги менувате приборите, а стезната чаура и
завртката за стезната чаура ќе ви овозможат
прецизно држење на место на приборот, особено
во случај кога има големо странично оптоварување
на алатот.
Доколку забележите дека приборот се лизга од
стезната глава, со помош на EZ Twist капчето
или клуч затегнете ја стезната глава околу битот.
Доколку и понатаму доаѓа до лизгање, обидете се
со стезната чаура и завртката за стезната чаура.
Стегите на стезната глава може да се изместат
поради што додатокот може да не се врти правилно
и концентрично (да се исфрла од оска).
За повторно да ги наместите стегите, следете ги
следните чекори:
1. Извадете го приборот од стезната глава.
2. Исчистете ја стезната глава.
3. Притиснете на копчето за заклучување на
осовината и затегнувајте ја стезната глава сè
додека стегите не се рашират, приближно 3 mm.
4. Силно притиснете го крајот на стезната глава врз
тврда рамна површина и проверете дали стегите се
поставени аксијално.
5. Продолжете рачно да ја затегате стезната глава сè
додека стегите не се затворат целосно.
6. Разлабавете ја стезната глава и повторно ставете го
приборот сосема право.
7. Рачно вртете го алатот и внимавајте дали има
некакво исфрлање од оска. Доколку очигледно има
некакво изместување, повторете ја постапката.
8. Кога осовината е заклучена, затегнете ја
стезната глава со помош на EZ Twist капче или
клуч за приборот да се постави на место.
9. Вклучете го алатот на најмала брзина и проверете
дали има некакво изместување. Доколку очигледно
има некакво изместување, проверете дали приборот
е поставен право, па повторете ја постапката.
ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ
За прецизно работење, важно е целиот прибор да биде
во добра рамнотежа (исто како кај пневматиците на
Вашиот автомобил). За дотерување или балансирање
на приборот, полека олабавете ја навртката на стезната
чаура и завртете го приборот или стезната чаура за
1/4. Повторно стегнете ја навртката на стезната чаура и
вклучете го ротациониот алат.
Врз основа на звукот и осетот, треба да сте во состојба
да кажете дали Вашиот прибор работи избалансирано.
Продолжете со ваквото дотерување сè додека не го
постигнете најдобриот баланс.
ДОДАТОЦИ
Алатот Dremel доаѓа со следните додатоци кои
овозможуваат повеќенаменско користење:
Флексибилна оска *) за прецизно и детално
работење или работење на тешко достапни места
(225 - страници 7-8)
Штитник за заштита од прав и искри (550 - страница 9)
Повеќенаменски комплет за сечење за
контролирано сечење разновидни материјали
(565/566 - страница 10)
Комплет за вадење фуга меѓу ѕидни и подни плочки
(568 - страница 11)
Правоаголен додаток за користење на додатоците
под прав агол на тешко достапни места (575 -
страница 12)
Платформа за обликување за шмирглање и
брусење под совршен агол од 90° и 45° (576 -
страница 13)
Рачка за прецизно работење за уште подобра
контрола над алатот (577 - страница 13)
Острилка за косилки за трева и градинарски алатки
за лесно и брзо острење под оптимален агол (675 -
страница 14)
Додатокот за праволиниско и кружно сечење
овозможува сечење на совршени кружни отвори и
праволиниски резови (678 - страница 15)
Вретено „EZ SpeedClic" за монтирање додатоци „EZ
SpeedClic" (страница 16)
*) Доколку за првпат користите нова флексибилна
осовина, држете ја во вертикална положба две
минути на најголема брзина на алатот.
НАПОМЕНА: Само дел од додатоците кои се
наведени погоре доаѓаат како стандардна опрема на
алатите/комплетите
КОРИСТЕЊЕ
ПОЧЕТОК
Првиот чекор во користењето на мултифункцоналниот
алат е да го „почувствувате" в рака. Земете го в рака и
проценете ја неговата тежина и баланс. Почувствувајте
го конусот на куќиштето. Овој облик овозможува алатот
да го држите како пенкало или молив.
ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од
материјалот за да видите како работи алатот
при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот
мултифункционален алат најдобро ќе работи при
дозволена брзина, во комбинација со исправниот
Dremel прибор и приклучоци. Ако е можно, немојте
да го притискате алатот за време на користењето.
Наместо тоа, полека спуштете го ротациониот прибор
на работната површина на местото на което сакате да
почнете со работа. Концентрирајте се на тоа алатот
186

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

400042504300