Bosch GTS 10 XC Professional Notice Originale page 377

Masquer les pouces Voir aussi pour GTS 10 XC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 48
– Олабавете ја завртката за прицврстување (58) и
отворете го долниот поклопец на сечилото за пила
(57).
– Отстранете ги искршените делови од делот што се
обработува и струготините.
– Затворете го долниот поклопец на сечилото за пила и
повторно завртете го.
Повторно завртете ја подната плоча.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика k)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (16).
Монтажа на работна маса на Bosch (види слика l)
Работните маси на Bosch (на пр. GTA 6000) на
електричниот алат му нудат стабилност на секоја подлога
со помош на ногарките што се подесливи во висина.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од
расклопување.
– Монтирајте го електричниот алат во транспортна
положба на работната маса.
Замена на сечилото за пила (види
слики m1−m4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
u
ракавици. Постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија
u
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се
u
препорачани од производителот на овој
електричен алат и се погодни за материјалот што
сакате да го обработувате. Со тоа ќе избегнете
Bosch Power Tools
прегревање на запците на сечилото и топење на
материјалот што се обработува.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Вадење на сечилото за пила
– Свртете ја курблата (20) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото на пила
(33) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над
масата за сечење.
– Отворете го затезниот лост (49) и извадете го
заштитниот поклопец (6) од жлебот на клинот за
разделување (7).
– Со одвртувач подигнете го додатокот за маса (32) од
напред и извадете го од отворот на алатот.
– Завртете ја затезната навртка (59) со прстенестиот
клуч (15) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното (60) додека не се вклопи.
– Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и
завртете ја затегнувачката навртка во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница (61).
– Извадете го сечилото за пила (33).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете ново сечило за пила на приклучната
прирабница (62) на вретеното на алатот (63).
Напомена: Не користете премали сечила за пила.
Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за
расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
клинот за разделување!
– Поставете ги стезната прирабница (61) и затезната
навртка (59).
– Завртете ја затезната навртка (59) со прстенестиот
клуч (15) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното (60) додека не се вклопи.
– Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на
стрелките на часовникот.
– Повторно ставете го додатокот за маса (32).
– Повторно монтирајте го заштитниот поклопец (6).
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Македонски | 377
1 609 92A 5B8 | (15.07.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières