Bosch GTS 10 XC Professional Notice Originale page 375

Masquer les pouces Voir aussi pour GTS 10 XC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 48
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
– Отворете ја подната решетка (45) и отстранете го
материјалот од пакувањето под блокот на моторот
(види слика a).
Следните елементи се прицврстени директно на
куќиштето: подвижна водечка летва (13), прстенест клуч
(15), клуч со внатрешна шестаголна глава (37),
паралелен граничник (8), аголен граничник (3), адаптер
за всисување (41), дополнителен паралелен граничник
(52) со сет за прицврстување (39), заштитен поклопец
(6).
– Штом Ви е потребен еден од овие елементи на уредот,
внимателно извадете го од депото за складирање.
Погледнете ги и сликите R1 – R6.
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Плоснат одвртувач
– Крстест одвртувач
– Аголник
Позиционирање на клинот за расцепување (види
слики b1–b2)
Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето
исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
– Свртете ја курблата (20) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото за пила
(33) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над
масата за сечење.
– Олабавете го затезниот лост (46).
– Вметнете го клинот за разделување (7) во правец на
затезниот лост (46), додека не се извлекува нагоре.
– Целосно повлечете го клинот за разделување нагоре,
така што тој ќе се позиционира точно над средината на
сечилото за пила.
– Двата клина (47) нека се вклопат во долните отвори на
клинот за разделување и повторно затегнете го
затезниот лост (46).
Bosch Power Tools
Монтирање на додатокот за маса (види слика c)
– Закачете го додатокот за маса (32) во задните отвори
(48) на отворот за алатот.
– Притиснете го додатокот за маса надолу.
– Притиснете го додатокот за маса, додека не се вклопи
напред во отворот за алатот.
Предната страна на додатокот за маса (32) мора да биде
рамна или малку под масата за сечење, а задната страна
мора да биде рамна или малку над масата за сечење
(види „Подесување на нивото на додатокот за маса (види
слика Q)", Страница 382).
Монтирање на заштитниот капак (види слика d1–d2)
Напомена: Монтирајте го заштитниот капак само ако
клинот за разделување во горната позиција е
позициониран точно над средината на сечилото за пила
(види слика b2). Не го монтирајте го заштитниот капак,
ако клинот за разделување се наоѓа во најдолната
позиција (состојба на испорака или позиција за сечење
на жлебови) (види слика b1).
– Олабавете го затезниот лост (49) и извадете го
заштитниот поклопец (6) од држачот (22).
– Со едната рака цврсто држете ја заштитата на сечилото
за пила (горна метална шина) на заштитниот поклопец
(6) и со другата рака повлечете го нагоре затезниот
лост (49).
– Вметнете ја болцната-водилка (50) наназад во жлебот
на клинот за разделување (7).
– Ставете го заштитниот поклопец (6) надолу, додека
заштитата за сечило за пила (горна метална шина) не е
паралелна со површината на масата за сечење (17).
– Притиснете го затезниот лост (49) надолу. Мора да се
почувствува и да се слушне кога ќе се вклопат
затезниот лост и заштитниот поклопец (6) и безбедно
да се монтираат.
Пред секое користење, проверете дали заштитниот
u
поклопец се движи слободно. Не го користете
електричниот алат доколку заштитниот поклопец
не се движи слободно или не се затвора веднаш.
Монтирање на продолжетокот за маса за сечење
(види слика e)
За монтажа користете го сетот за прицврстување
„Продолжеток за маса за сечење" (43) (2 завртки за
прицврстување, 2 подлошки, 1 вилушкаст клуч).
– Завртете го продолжетокот за маса за сечење (10) со
водилките (24). За тоа фиксирајте ги водилките со
вилушкастиот клуч, додека ги затегнувате завртките за
прицврстување со клучот со внатрешна шестаголна
глава.
Притоа, вдлабнатините во продолжетокот на масата за
сечење мора да покажуваат нагоре.
Монтирање на паралелниот граничник (види слика f)
Паралелниот граничник (8) може да се позиционира лево
или десно од сечилото за пила.
Македонски | 375
1 609 92A 5B8 | (15.07.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières