Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GCD 12 JL Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCD 12 JL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
OBJ_BUCH-1938-003.book Page 195 Friday, December 16, 2016 9:57 AM
– По потреба, поставете го саканиот агол на закосување.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го лостот за фиксирање 1 и рачката на
апаратот водете ја полека надолу со дршката 16.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Проверка на основните поставки и подесување
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот уред треба да биде приклучен на
напојување со струја.
 Никогаш не го активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на апаратот). Невнимателниот старт на
електричниот апарат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
Проверете: (види слика K1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Притиснете го лостот за фиксирање 1 и рачката на
апаратот водете ја полека надолу со дршката 16.
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што,
запците од листот на пилата ќе се израмнат со линијата
за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот 19.
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на
линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на апаратот ќе се води надолу.
Поставување: (види слика K2)
– Свртете го шрафот за поставување 35 со испорачаниот
крстест одвртувач 12 додека ласерскиот зрак не дојде
во паралела со целокупната должина на линијата на
сечење на делот што се обработува.
Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи
ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец
на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од
десно на лево.
Bosch Power Tools
Подесување на показателот на агол (види слика L)
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отпуштете ја затезната дршка 13 на аголниот граничник
6.
– Свртете го аголниот граничник 6 до крај во позиција 0°.
Проверете:
– Поставете агломер на 90° помеѓу аголниот граничник 6
и листот за пилата 31 на масата за пилата 25.
Кракот од агломерот мора да биде рамен со аголниот
граничник по целата должина.
Поставување:
– Завртете го аголниот граничник 6 додека кракот од
агломерот не е рамен по целата должина со листот на
пилата.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 13.
– Олабавете го шрафот 36 со испорачаниот крстест
одвртувач 12 и поставете го показателот на агол по
должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете го шрафот.
Транспорт
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Секогаш носете го електричниот апарат за
транспортната дршка 20.
 Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
 За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Редовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот уред со мека четка. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.
 При екстремни услови на примена, доколку е
возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот апарат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.
Македонски | 195
1 609 92A 340 | (16.12.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières