Совети При Работењето; Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GKS 36 V-LI Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 36 V-LI Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-304-006.book Page 193 Thursday, November 19, 2015 1:47 PM
Приказ за контрола на температурата
Црвеното LED светло на приказот за контрола на
температурата 28 сигнализира, дека батеријата или
електрониката на електричниот апарат (со вметната
батерија) не е во оптималните граници на температурата.
Во овој случај електричниот апарат не работи или не
работи со полна јачина.
Контрола на температурата на батеријата:
– Црвеното LED светло 28 свети постојано при
вметнувањето на батеријата во полначот: Батеријата е
надвор од границите на температурата за полнење од
0 °C до 45 °C и не може да се наполни.
– Црвеното LED светло 28 трепка при притискање на
копчето 26 или на прекинувачот за вклучување/
исклучување 3 (при ставена батерија): Батеријата е
надвор од границите на работна температура.
– При температура на батеријата од над 70 °C
електричниот апарат се исклучува, додека батеријата
не се врати во оптималните граници на температура.
Контрола на температурата на електрониката на
електричниот апарат:
– Црвеното LED светло 28 постојано свети при
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 3: Температурата на електрониката на
електричниот апарат изнесува помалку од 5 °C или
повеќе од 75 °C.
– При температура од над 90 °C електрониката на
електричниот апарат се исклучува, додека не се врати
повторно во границите на температурата за работа.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Совети при работењето
Заштитете ги листовите за пилата од удари.
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на листот за
пилата. Затоа користете само остри и соодветни листови
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на лист за пилата зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински
или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со
вшмукувач за прав.
Bosch Power Tools
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник 11 овозможува прецизни резови
по должината на делот што се обработува, како на пример
сечење на ленти со исти димензии.
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината на
помошниот граничник.
Куки за закачување (види слика F)
Со куките за закачување 1 може да го закачите
електричниот апарат на пр. на скала. Отворете ги куките за
закачување 1 во саканата позиција.
 При закачувањето на електричниот уред,
внимавајте листот за пилата да е заштитен од
невнимателно допирање. Постои опасност од
повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување 1, кога ќе
сакате да работите со електричниот апарат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и да се затвора. Пределот околу
заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба
да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со
издувување со компресиран воздух или со четка.
Необложените листови за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на
дрвото.
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
листовите на пилата веднаш по употребата.
Македонски | 193
1 609 92A 1SY | (19.11.15)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières