Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GSA 18 V-LI Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GSA 18 V-LI Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
158 | Македонски
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за бирање на бројот на одови (5)
поставете го на средна позиција, за да го заштитите
електричниот алат од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија ставете ја (8) од задната страна
навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно
притиснете ја батеријата во подножјето, додека не се
заклучи.
Претходно избирање на бројот на одови/блокада при
вклучување
Со прекинувачот за бирање на број на одови (5) можете
претходно да го изберете бројот на одови на
електричниот алат. При притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (6) ова не е возможно.
Прекинувач за бирање на бројот на одови
на средина:
Блокадата при вклучување е активирана.
Прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) е блокиран и електричниот
алат е осигуран од невнимателно
вклучување.
Прекинувач за бирање на бројот на одови
налево:
1. брзина, низок број на одови
Нискиот број на одови е погоден за
обработка на потврди материјали (на пр.
челик, обоен метал, тврда пластика) или за
фино сечење во дрво.
Со нискиот број на одови се овозможува
работа со малку вибрации.
Прекинувач за бирање на бројот на одови
надесно:
2. брзина, висок број на одови
Високиот број на одови е погоден за
обработка на меки материјали и за сечење со
вдлабнување.
1 609 92A 4TG | (05.04.2019)
Високиот број на одови овозможува побрз
напредок во работата, на пр. за грубо сечење
на дрво.
Вклучување/исклучување
За да ја деактивирате блокадата при вклучување,
притиснете го прекинувачот за бирање на бројот на
одови (5) кон десно или лево.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете
го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното
сечило за пила.
Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (2)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Professional gsa 18 v-li

Table des Matières