Télécharger Imprimer la page

Начини На Работа; Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GSA 18V-32 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GSA 18V-32 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
168 | Македонски
Употреба
Начини на работа
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на три нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со ротациониот прекинувач за осцилации (5) може да ги
поставите осцилациите и за време на работата.
Степен 0 (Осцилациите се исклучени):
– За обработка на тенки или цврсти материјали, на пр.
лим, челик
– за чисто сечење на рабови
Степен 1:
– за обработка на нежелезни метали, цврсто дрво,
пластика одн. материјали со средна цврстина
Степен 2:
– за обработка на нежелезни метали, цврсто дрво,
пластика одн. материјали со средна цврстина
– за обработка на меки материјали, на пр. лесни
градежни материјали, изолациони материјали, меко
дрво, дрвена маса.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување (8) кон напред. Потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(7) и држете го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (7) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контролирање/претходно избирање на бројот на
работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (6) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
1: низок број на работни одови
1 609 92A 6JT | (11.05.2021)
6: висок број на работни одови
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Константна електроника
Константната електроника одржува постојан број на
удари при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното
сечило за пила.
Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (2)
на површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес, исклучете го
електричниот алат.
Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исклучете
го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете
го електричниот алат.
Основна плоча што може да се навали и извади
(види слика C)
Основната плоча (2) поради својата подвижност се
подесува на потребниот агол на површината.
Основната плоча (2) може да се помести по должина во
3 степени во зависност од користеното сечило за пила и
употребата.
Притиснете го копчето за отклучување (10) и поместете
ја основната плоча (2) во саканата позиција. Отпуштете
го копчето за заклучување и проверете дали основната
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Professional gsa 18v-32