Начини На Работа; Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GKS 190 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 190 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
160 | Македонски
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Работа
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (24). За помала длабочина
на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (12), а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча
(12). Саканата димензија подесете ја на скалата за
длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го
затезната рачка (24).
Доколку по отпуштањето на затезната рачка (24) не може
целосно да се подеси длабочината на сечење, повлечете
ја затезната рачка (24) од пилата и навалете ја надолу.
Повторно отпуштете ја затезната рачка (24). Повторете ја
оваа постапка, додека не ја подесите саканата длабочина
на сечење.
Доколку по затегнувањето на затезната рачка (24)
длабочината на сечење не може целосно да се фиксира,
повлечете ја затезната рачка (24) од пилата и навалете ја
нагоре. Повторно отпуштете ја затезната рачка (24).
Повторете ја оваа постапка, додека не ја фиксирате
длабочината на сечење
Подесување на закосениот агол
Олабавете ги пеперутка-завртките (6) и (26). Навалете ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата (5). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките
(6) и (26) .
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (25).
Ознаки за сечење
45
0
Ознаката за сечење 0° (9) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
1 609 92A 4LN | (19.10.2018)
сечење 45° (8) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (1) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила . Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
за прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник (10) овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Олабавете ја пеперутка-завртката (7) и турнете ја скалата
на паралелниот граничник (10) низ отворот на основната
45
0
плоча (12). Поставете ја саканата ширина на резот како
вредност на скалата на соодветните ознаки за сечење (9)
одн. (8), види дел „Ознаки за сечење". Повторно
зацврстете ја пеперутка завртката (7).
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières