Ставање Во Употреба - Bosch GCM 12 GDL Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 GDL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 46
OBJ_BUCH-1360-005.book Page 367 Wednesday, December 21, 2016 1:10 PM
– Повлечете го лостот 16 и свртете ја масата за пила 38 до
саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се
вклопи во жлебот.
Поставување на хоризонтални агли на закосување
(види слика I)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 52° (на левата страна) до 60° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 15, доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот 16 и истовремено притиснете на
копчето за слободен тек на аголот 14 нанапред и
надолу.
На тој начин лостот 16 ќе се блокира и масата за пилата
ќе биде слободно подвижна.
– Вртете ја масата за пила 38 со држачот налево или
надесно додека показателот на агли 59 не го покаже
саканиот агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 15.
– За повторно да го олабавите лостот 16 (за поставување
на стандардни агли на закосување), повлечете го
лостот нагоре.
Копчето за слободен тек на аголот 14 ќе се врати во
првобитната позиција и лостот 16 ќе може повторно да
се вклопи во жлебовите 18.
Подесување на вертикалниот агол на
закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 371).
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во
еден опсег од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени агли
на закосување, постојат граничници за агли од 0°, 22,5°,
45° и 47°.
Подесување на левото подрачје на аголот
на закосување (45° до 0°)
– Повлечете го левиот продолжеток на граничните
водилки 9 целосно надвор. (види „Продолжување на
граничните водилки", страна 366).
– Олабавете ја затезната рачка 17.
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката 4 налево
додека показателот на агли 33 не го покаже саканиот
агол на закосување.
– Држете ја лизгачката рачка во оваа позиција и повторно
затегнете го затегнувачкиот лост 17.
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Bosch Power Tools
Подесување на десното подрачје на аголот
на закосување (0° до 45°) (види слика J)
– Повлечете го десниот продолжеток на
граничните водилки 9 целосно надвор.
(види „Продолжување на граничните водилки",
страна 366).
– Олабавете ја затезната рачка 17.
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката 4 од 0°-
позиција малку налево и вртете го ротационото копче
39 додека не се прикаже саканото подрачје на аголот
на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката 4 надесно
додека показателот на агли 24 не го покаже саканиот
агол на закосување.
– Држете ја лизгачката рачка во оваа позиција и повторно
затегнете го затегнувачкиот лост 17.
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Стандарден агол на закосување 0°
За да може стандардниот агол на закосување 0° повторно
лесно да се подеси, ротационото копче 39 се вклопува во
подрачјето на аголот на закосување
– Навалете ја лизгачката рачка од десно над 0°-позиција.
Подесување на вкупното подрачје на аголот
на закосување (–47° до +47°)
– Повлечете ги двата продолжетоци на
граничните водилки 9 целосно нанадвор.
(види „Продолжување на граничните
водилки", страна 366).
– Олабавете ја затезната рачка 17.
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката 4 од 0°-
позиција малку налево и вртете го ротационото копче
39 додека не се прикаже саканото подрачје на аголот
на закосување.
– Лизгачката рачка навалете ја на дршката 4 налево или
надесно додека показателот на агли 33 или 24 не го
покаже саканиот агол на закосување.
– Држете ја лизгачката рачка во оваа позиција и повторно
затегнете го затегнувачкиот лост 17.
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Стандарден агол на закосување 22,5° (види слика K)
– Извлечете го копчето за подесување 34 целосно
нанадвор и свртете го за 90°. Потоа навалете ја
лизгачката рачка на дршката 4 додека не слушнете дека
е вклопена.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
уред.
Вклучување (види слика L)
– За ставање во употреба повлечете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 60 во правец на дршката 4.
Македонски | 367
.
1 609 92A 2P3 | (21.12.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières