Ставање Во Употреба - Bosch GDC 125 Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-1810-003.book Page 157 Tuesday, June 4, 2013 1:05 PM
Прицврстување на сетот црева
(види слики B
C)
 При сечење во влажни материјали користете само
вода како течност за ладење.
Сетот црева прицврстете го само со шрафовите наменети
за тоа и прстенот-пружина на електричниот апарат.
Зашрафете го приклучокот на цревото 24 на славината за
вода одн. на приклучокот од резервоар за вода.
Резервоарот со вода заради постигнување на точниот
притисок мора да се наоѓа најмалку 80 см над работната
површина над електричниот апарат.
Ставете го цревото за поврзување на 23 спојницата за
црево 5. Проверете дали е зацврстено со влечење на
цревото за поврзување.
Регулирајте ја количината на вода што излегува од
славината за прекин на вода 25 пред да почнете да го
користите електричниот уред.
Дозволениот максимален притисок на водата изнесува
0,12 MPa.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Претходно бирање на длабочината на резот (види
слика D)
 Подесувањето на длабочината на резот смее да се
врши само доколку електричниот апарат е
исклучен.
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на
делот што се обработува. За оптимални резултати,
дијамантската брусна плоча за сечење мора да стрчи
околу 2 мм од материјалот.
Олабавете ја пеперутка-завртката 4. За помала длабочина
на сечење тргнете го електричниот уред од основната
плоча 8, а за поголема, притиснете го електричниот уред
кон основната плоча 8. Саканата димензија подесете ја на
скалата за длабочина на сечење 3. Повторно зацврстете ја
пеперутка-завртката 4.
Подесување на закосениот агол (види слика E)
Олабавете ја пеперутка-завртката 8. Навалете го
електричниот уред странично, додека не се подеси
саканиот агол на сечење на скалата 10. Повторно
зацврстете ја пеперутка-завртката 8.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 3.
Ознака за сечење 0° (види слика F)
Ознаката за сечење 0° (7) ја прикажува позицијата на
дијамантската брусна плоча за сечење при правоаголно
сечење.
Bosch Power Tools
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Заштитен уред со диференцијална струја
Пред секоја употреба на уредот, проверете ја функцијата
на заштитниот уред со диференцијална струја!
– Исклучете го електричниот апарат.
– Ставете го струјниот приклучок и притиснете на
копчето RESET на заштитниот уред со диференцијална
струја 14 додека приказот 15 не светне црвено.
– Притискајте го копчето TEST на заштитниот уред со
диференцијална струја 14 додека не се изгаси приказот
15. Доколку приказот 15 не се изгаси, заштитниот уред
со диференцијална струја е дефектен и мора да се
поправи. Не работете со електричниот апарат!
– По гасење на приказот 15 одново притиснете го
копчето RESET.
– Вклучете го електричниот апарат.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
2 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 2 притиснете го копчето за
фиксирање 1.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 1, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
2 и потоа ослободете го.
 Пред употребата проверете ги дијамантските
брусни плочи за сечење. Дијамантските брусни
плочи за сечење мора да биде монтирани
беспрекорно и да може слободно да се вртат.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или дијамантски брусни
плочи за сечење што вибрираат. Оштетените
дијамантски брусни плочи за сечење може да пукнат и
да предизвикаат повреди.
 Заштитната гума на прекинувачот за вклучување/
исклучување 2 не смее да биде оштетена.
Заштитната гума го штити прекинувачот за вклучување/
исклучување 2 од водата и правта што може да
навлезат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Македонски | 157
1 609 92A 0CV | (4.6.13)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières