Ставање Во Употреба - Bosch GKS 36 V-LI Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 36 V-LI Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-304-006.book Page 192 Thursday, November 19, 2015 1:47 PM
192 | Македонски
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– За да постигнете висок степен на вшмукување на
прав, користете го вшмукувачот GAS 25/GAS 50/
GAS 50 M за дрво или GAS 50 MS за дрво и/или
минерална прав заедно со овој електричен апарат.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика G)
Прицврстете го адаптерот за вшмукување 33 со шрафот
за прицврстување 32 на основната плоча 9.
На адаптерот за вшмукување 33 може да се приклучи
црево за вшмукување со дијаметар од 35 мм.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 33 мора редовно да се чисти.
Надворешно вшмукување
Цревото за вшмукување 34 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
Отпуштете го затезниот лост 30. За помала длабочина на
сечење тргнете ја пилата од основната плоча 9, а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 9.
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина
на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост
30.
1 609 92A 1SY | (19.11.15)
Затезната сила на затезниот лост 30 може дополнително
да се подеси. Притоа отшрафете го затезниот лост 30 и
повторно зашрафете го поместен за најмалку 30° во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот апарат на
челната страна на заштитната хауба 7.
Отшрафете ја пеперутка-завртката 15. Навалувајте ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата 16. Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката
15.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 29.
Ознаки за сечење
45°
Ознаката за сечење 0° 12 ја прикажува позицијата на
листот од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° 13 ја прикажува позицијата на листот од
пилата при 45°-рез.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро
е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Наполнетата батерија 6 притиснете ја однапред навнатре
во подножјето на електричниот апарат. Целосно вметнете
ја батеријата во подножјето, додека црвената линија не
исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 2 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 3 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Кочница за исфрлување од брзина
Вградената кочница за исфрлање од брзина го намалува
вибрирањето на листот за пилата по исклучување на
електричниот апарат.
45°
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières