Bosch GCM 12 GDL Professional Notice Originale page 369

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 GDL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 46
OBJ_BUCH-1360-005.book Page 369 Wednesday, December 21, 2016 1:10 PM
Сечење
Сечење без влечење (отсекување) (види слика P)
– Притиснете ја лизгачката рачка 28 целосно наназад и
фиксирајте ја во оваа позиција (види „Осигурување на
лизгачката рачка", страна 366).
Проверете дали граничникот за длабочина 30 е
целосно притиснат наназад и дали завртката за
подесување 29 при движењето на лизгачката рачка без
да дојде во контакт со граничникот за длабочина
одговара на процепот.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот агол на закосување
(хоризонтален и/или вертикален).
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете на лостот за блокада 5 и водете ја
лизгачката рачка со дршката 4 полека надолу.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја лизгачката рачка нагоре.
Сечење со влечење (види слика Q)
 Цврсто држете ја дршката пред вклучувањето и за
време на целокупниот процес на сечење. Со
лизгачката рачка контролирајте го движењето за
време на сечењето. Еден момент на невнимание со
екстремно лесно подвижната лизгачка рачка може да
доведе до сериозни повреди.
– Деблокирајте ја лизгачката рачка 28 (види „Деблокада
на лизгачката рачка", страна 366).
Со извлекување и повлекување назад на лизгачката
рачка 28, проверете дали комплетниот лизгачки
механизам е подготвен за примена.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот агол на закосување
(хоризонтален и/или вертикален).
– Поместете ја лизгачката рачка од граничната водилка
10, додека листот за пилата не се најде пред делот за
обработка.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете на лостот за блокада 5 и водете ја
лизгачката рачка со дршката 4 полека надолу.
– Сега притиснете ја лизгачката рачка во граничната
водилка 10 и сечете го делот за обработка со еднаков
притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја лизгачката рачка нагоре.
Bosch Power Tools
Сечете делови со еднаква должина (види слика R)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина
може да го употребите должинскиот граничник 36.
Граничникот за должина може да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила 11.
– Олабавете ја завртката за блокада 35 и преклопете го
граничникот за должина 36 над завртката за затворање
63.
– Повторно затегнете ја завртката за фиксирање 35.
– Поставете го продолжетокот на масата за пила 11 на
саканата должина (види „Продолжување на масата за
пилата", страна 366).
Подесување на граничникот за длабочина
(сечење на жлеб) (види слика S)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб или да употребите дистанцер-
граничник.
– Свртете го граничникот за длабочина 30 кон надвор.
– Притиснете го лостот за блокада 5 и навалете ја
лизгачката рачка во саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување 29 додека крајот на
завртката не го допре граничникот за длабочинa 30.
– Полека водете ја лизгачката рачка нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од склизнување.
На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу
делот што се обработува, граничната водилка и масата за
пила.
Доколку е неопходно. мора да припремите специјални
држачи.
Обработка на профилни лајсни
(подни и плафонски лајсни)
Профилните лајсни може да се обработуваат на два
различни начини:
– поставени кон граничната водилка,
– плоснато лежејќи на масата за пила.
Понатаму, независно од ширината на профилната лајсна,
може да сечете со или без повлекување.
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
најпрво на отпадно дрво.
Македонски | 369
1 609 92A 2P3 | (21.12.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières