Bosch GCM 12 GDL Professional Notice Originale page 365

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 GDL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 46
OBJ_BUCH-1360-005.book Page 365 Wednesday, December 21, 2016 1:10 PM
Менување на листови за пилата
(види слики d1–d4)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Рачно завртете ја завртката за блокада 42, додека
лостниот механизам 43 ќе може слободно да виси
надолу.
– Олабавете ја завртката за прицврстување 44 (околу
2 вртења) со инбус клуч (4 mm) 20.
Не ги отшрафувајте целосно шрафовите.
– Олабавете ја завртката за прицврстување 45 (околу
6 вртења) со внатрешен шестаголен клуч (4 mm) 20.
Не ги отшрафувајте целосно шрафовите.
– Извлечете ја покривната плоча 46 од завртката за
прицврстување 45 нанапред и надолу.
– Притиснете го лостот за блокада 5 и навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 8 наназад.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Обесете го лостниот механизам 43 со отворот преку
завртката за прицврстување 45.
Притоа осцилаторната заштитна хауба ќе се задржи во
отворена позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 48
со инбус клуч (6 mm) 20 и истовремено притиснете ја
блокадата на вретеното 47, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 47 и
одвртете го шрафот 48 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 49.
– Извадете го листот за пилата 40.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 50.
Bosch Power Tools
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ја стезната прирабница 49 и шрафот 48.
Притиснете ја блокадата на вретеното 47 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Олабавете го лостниот механизам 43 од завртката за
прицврстување 45 и повторно поместете ја
осцилаторната заштитна хауба надолу.
– Повторно поставете ја покривната плоча 46 под
завртката за прицврстување 45.
– Повторно затегнете ги завртките за прицврстување 45
и 44.
– Вратете го лостниот механизам 43 во првобитната
позиција и повторно рачно затегнете ја завртката за
блокада 42.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика A)
Транспортниот осигурувач 31 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја лизгачката рачка 28 на дршката 4 малку
надолу, за да го олабавите транспортниот осигурувач
31.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 31.
– Полека водете ја лизгачката рачка нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Притиснете ја лизгачката рачка 28 целосно наназад и
фиксирајте ја во оваа позиција (види „Осигурување на
лизгачката рачка", страна 366).
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 31 не се притисне сосема
навнатре.
Другите напомени за транспорт видете ги на страна 373.
Блокирајте ја лизгачката рачка
Лизгачкиот механизам на лизгачката рачка 28 може да се
блокира со помош на затегнувачкиот лост 26. Притоа
можни се две позиции на лизгачката рачка:
– Лизгачката рачка е поместена сосема наназад (за
сечење со отсекување)
– Лизгачката рачка е повлечена сосема нанапред (за
компактна позиција за транспорт)
Македонски | 365
1 609 92A 2P3 | (21.12.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières