Совети При Работењето - Bosch Professional GCM 216 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour Professional GCM 216:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
248 | Македонски
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да
го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го
водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен
капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Позиција на корисникот (види слика L)
Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
u
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Сечење (отсекување)
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален
агол на закосување.
При сечење на хоризонтални агли на закосување кон
десно морате целосно да го повлечете нанадвор или
да комплетно да го отстраните граничникот за
должина (10).
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со
дршката (4).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила (41) не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Совети при работењето
Означување на линијата за сечење (види слика M)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на
сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може
точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате
осцилаторниот заштитен капак.
– За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со
прекинувачот (30).
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на
десниот раб на линијата на ласерот.
Напомена: пред сечењето, проверете дали линијата на
сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се
помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
1 609 92A 72R | (15.11.2021)
Хоризонтален
Вертикален агол
агол на
на закосување
закосување
45°
45° (лево/десно)
45° (лево)
45°
45° (десно)
45°
Минимални делови за обработка (= сите делови што се
обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната
столарска стега (22) лево или десно од сечилото за
пила): 145 x 50 mm (должина х ширина)
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 60 mm
Сечење на делови со еднаква должина (види слика N)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина
може да го употребите граничникот за должина (10).
– Олабавете ја завртката за блокирање (46) и поместете
го граничникот за должина (10) на шината-
водилка (37) на саканата должина на делот што се
обработува.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (46).
Подолги делови за обработка:
– Олабавете ја пеперутка-завртката (36) и извлечете ја
шината-водилка (37) нанадвор до крај.
– Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (36).
– Поставете го граничникот за должина (10) на саканата
должина на делот што се обработува.
Сечење без граничник за должина:
– Олабавете ја завртката за блокирање (46) и поместете
го граничникот за должина (10) на шината-
водилка (37) целосно нанадвор.
– Свртете го граничникот за должина за 90°, така што ќе
налегне со гранична водилка (11).
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (46).
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Менување на плочата за вметнување (види слика O)
Плочата за вметнување (14) може да се истроши по
подолга употреба на електричниот алат.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките (47) со обичен крстест
одвртувач и извадете ја старата плоча за
вметнување (14).
– Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно
затегнете ги завртките (47).
Висина x ширина
[mm]
60 x 123
43 x 123
60 x 80
43 x 80
35 x 80
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières