Одржување И Сервис - Bosch Professional GCM 216 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour Professional GCM 216:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
Обработка на профилни лајсни
Профилните лајсни може да се обработуваат на два
различни начини:
Позиционирање
Подна лајсна
на делот што се
обработува
– поставени кон
граничната
водилка
– плоснато
лежејќи на
масата за пила
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
(хоризонтален и/или вертикален) најпрво на отпадно
дрво.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Израмнување на граничната водилка
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (12) до жлебот за 0°. Лостот
(16) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Целосно извлечете ја граничната водилка (23)
нанадвор.
Проверка (види слика P1)
– Поставете аголно мерило на 90° помеѓу граничната
водилка и поставете го рамно со сечилото за пила (41)
помеѓу граничната водилка (11) и сечилото за пила на
масата за пила (12).
Кракот од аголното мерило мора да биде рамен со
граничната водилка по целата должина.
Подесување (види слика P2)
– Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна
глава (48) со испорачаниот внатрешен шестаголен
клуч (32).
– Свртете ја граничната водилка (11) додека аголното
мерило не лежи прецизно по целата должина.
– Повторно затегнете ги завртките.
Хоризонтално подесување на агломерот (види
слика Q)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (12) до жлебот за 0°. Лостот
(16) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Bosch Power Tools
Проверка
Агломерот (17) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (18).
Подесување
Плафонски
– Олабавете ја завртката (49) со крстест одвртувач и
лајсни
центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Транспорт (види слика R)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во
затворена кутија, доколку сакате да ги
транспортирате.
– Електричниот алат носете го со транспортната рачка
(3) или фатете го за жлебовите за држење (20)
странично на масата за пила.
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи
слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (26).
Чистење на ласерската линија (види слика S)
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (9)
наназад и во оваа позиција.
– Олабавете ја назабената завртка (50) на заштитниот
капак на ласерот (7).
– Повлечете го нанапред проѕирниот капак на
ласерската линија (51) од заштитниот капак на
ласерот и избришете ги нечистотиите со сува и мека
крпа.
Македонски | 249
1 609 92A 72R | (15.11.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières