Bosch GCD 12 JL Professional Notice Originale page 193

Masquer les pouces Voir aussi pour GCD 12 JL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
OBJ_BUCH-1938-003.book Page 193 Friday, December 16, 2016 9:57 AM
– Свртете го инбус шрафот 29 со испорачаниот
внатрешен шестаголен клуч 12 и истовремено
притиснете ја блокадата за вретеното 3 додека не се
вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 3 и
одвртете го шрафот 29 во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница 30.
– Извадете го листот за пилата 31.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 32.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ја стезната прирабница 30 и шрафот 29.
Притиснете ја блокадата на вретеното 3 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец на стрелките
на часовникот.
– Повторно олабавете ја блокадата на вретеното 3. По
потреба, извлечете го копчето нагоре со рака.
– Притиснете на лостот за фиксирање 1 и повторно
вметнете ја заштитната хауба со повратен механизам 4
заедно со заштитната плоча 21 под шрафот за
прицврстување 27.
– Полека водете ја надолу заштитната хауба со повратен
механизам 4 додека листот за пила целосно не се
покрие.
– Повторно зацврстете ги шрафовите за прицврстување
27 и 26.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика C)
Транспортниот осигурувач 14 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 16
надолу, за да го отклучите транспортниот осигурувач
14.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 14.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа,
транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,
инаку рачката на апаратот нема да може да се навали на
саканата длабочина.
Bosch Power Tools
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 14 може да се притисне
навнатре.
Другите напомени за транспорт видете ги на страна 195.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика D)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се продолжи налево со помош на
продолжетокот на масата за пила 11.
– Спуштете го затезниот лост 10 надолу.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 11 до
саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно свртете го затезниот лост 10 нагоре.
Подесување на закосениот агол (види слика E)
Аголот на косо сечење може да се постави во граници од
0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со
соодветните ознаки на аголниот граничник 6. Позициите
0° и 45° се утврдуваат со помош на крајниот граничник.
– Отпуштете ја затезната дршка 13 на аголниот граничник
6.
– Свртете го аголниот граничник 6 додека показателот на
агол 33 не го покаже аголот на косо сечење на скалата
34.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 13.
Означување на линијата на сечење (види слика F)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на листот
за пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да
го позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба со повратен механизам.
– Притоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот
19.
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на
десниот раб на линијата на ласерот.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали линијата на
сечење е точно прикажана (види „Подесување на
ласерот", страна 195). Ласерскиот зрак може да се
помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика G)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
– Ставете го делот што се обработува на аголниот
граничник 6.
Македонски | 193
1 609 92A 340 | (16.12.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières