Ставање Во Употреба - Bosch GCM 18V-305 GDC Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 18V-305 GDC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 49
– Повлечете ја рачката (13) и истовремено притиснете
ја стегата за фиксирање (11), додека таа не се вклопи
во жлебот предвиден за таа намена. Притоа, масата за
пила ќе биде слободно подвижна.
– Вртете ја масата за пила (41) со држачот налево или
надесно додека агломерот (63) не го покаже саканиот
хоризонтален агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (12).
– За повторно да ја олабавите рачката (13) (за
поставување на хоризонтални стандардни агли на
закосување), повлечете ја рачката нагоре.
Стегата за фиксирање (11) скокнува назад во
првобитната позиција и рачката (13) може повторно
да се вклопи во жлебовите (15).
Подесување на вертикалниот агол на закосување
Вертикалниот агол на закосување може да се подеси во
граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
За брзо и прецизно подесување на често користени
вертикални агли на закосување, постојат граничници за
агли од 0°, 22,5° и 45° и 47°.
Подесување на агломерот за левиот вертикален опсег
на аголот на закосување (45° до 0°)
– Целосно извлечете ја нанадвор левата подеслива
гранична водилка (6).
– Олабавете го затегнувачкиот лост (14).
– Навалете ја лизгачката рачка (33) на дршката (1)
налево додека агломерот (36) не го покаже саканиот
вертикален агол на закосување.
– Држете ја лизгачката рачка (33) во оваа позиција и
повторно затегнете го затегнувачкиот лост (14).
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Подесување на агломерот за десниот вертикален
опсег на аголот на закосување (0° до 45°)
(види слика J)
– Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (6)
целосно нанадвор.
– Олабавете го затегнувачкиот лост (14).
– Навалете ја лизгачката рачка (33) на дршката (1) од
0°-позиција малку налево и вртете го вртливото
копче (42), додека не се прикаже саканиот
вертикален опсег на аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка (33) на дршката (1)
надесно додека агломерот (21) не го покаже саканиот
агол на закосување.
– Држете ја лизгачката рачка (33) во оваа позиција и
повторно затегнете го затегнувачкиот лост (14).
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
Bosch Power Tools
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
За да може стандардниот агол на закосување 0°
повторно лесно да се подеси, вртливото копче
(42) се вклопува во левиот вертикален опсег на
аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка (33) од десно над 0°-
позиција.
Подесување на целиот вертикален опсег на аголот на
закосување (–47° до +47°)
– Повлечете ги двете подесливи гранични водилки (6)
сосема нагоре.
– Олабавете го затегнувачкиот лост (14).
– Навалете ја лизгачката рачка (33) на дршката (1) од
0°-позиција малку налево и вртете го вртливото
копче (42), додека не се прикаже саканиот
вертикален опсег на аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка (33) со дршката (1) кон
лево или десно, се додека агломерот (36) или (21) не
го покажува посакуваниот вертикален агол на
закосување.
– Држете ја лизгачката рачка (33) во оваа позиција и
повторно затегнете го затегнувачкиот лост (14).
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 22,5° (види слика K)
Извлечете го копчето за подесување (37) целосно
нанадвор и свртете го за 90°. Потоа навалете ја
лизгачката рачка (33) на дршката (1), додека не
слушнете да се вклопи.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Boschлитиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
– Наполнетата батерија (31) ставете ја во отворот за
батерија на електричниот алат, додека не се заклучи
батеријата.
Вклучување (види слика L)
– За вклучување на електричниот алат најпрво ставете
ја блокадата при вклучување (2) на средина и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (64) и држете го притиснат.
Македонски | 415
1 609 92A 5HG | (08.04.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières