Bosch GCM 18V-305 GDC Professional Notice Originale page 420

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 18V-305 GDC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 49
420 | Македонски
Подесување на вертикалниот стандарден агол на
закосување 45° (лево)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (41) до жлебот (15) за 0°.
Рачката (13) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Целосно извлечете ја нанадвор левата подеслива
гранична водилка (6).
– Олабавете ја затезната рачка (14) и навалете ја
лизгачката рачка на дршката (1) до крај во лево (45°).
Проверка (види слика V1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила (41).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (43).
Подесување (види слика V2)
– Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување
(71) со клуч со внатрешна шестаголна глава (8 mm),
додека кракот на аголното мерило не налегне по
целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната рачка (14).
Доколку агломерот (36) и (21) по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата (35), проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Вертикален стандарден агол на закосување 45°
(десно)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (41) до жлебот (15) за 0°.
Рачката (13) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извлечете ја десната подеслива гранична водилка (6)
целосно нанадвор.
– Олабавете ја затезната рачка (14).
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката (1) од
0°-позиција малку налево и вртете го вртливото
копче (42), додека не се прикаже вертикалниот
опсег на аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката (1) надесно
до крај (45°).
Проверка (види слика W1)
– Поставете го агломерот 135° и ставете го на масата за
пила (41).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (43).
Подесување (види слика W2)
– Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување
(72) со клуч со внатрешна шестаголна глава (8 mm),
додека кракот на аголното мерило не налегне по
целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната рачка (14).
Доколку агломерот (36) и (21) по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата (35), проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
1 609 92A 5HG | (08.04.2020)
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (41) до жлебот (15) за 0°.
Рачката (13) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика X1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
(7) и сечилото за пила (43) на масата за пила (41).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (43).
Подесување (види слика X2)
– Олабавете ги сите четири завртки за подесување (73)
со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (17) и
свртете ја масата за пила (41) заедно со скалата (40),
додека кракот на агломерот не лежи рамно по целата
должина на сечилото за пила.
– Повторно затегнете ги завртките.
Доколку по подесувањето агломерот (63) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (40), олабавете ја
завртката (74) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Подесување на силата на затегнување на
затегнувачкиот лост (14) (види слика Y)
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост (14) може
дополнително да се поставува.
Проверка
– Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Подесување
– Олабавете ја затезната рачка (14).
– Свртете ја завртката за подесување (75) со клуч за
втиснување (17 mm) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, за да ја намалите силата на
затегнување или свртете ја во правец на стрелките на
часовникот за да ја зголемите силата на затегнување.
– Поставете вертикален агол на закосување, повторно
цврсто затегнете го затегнувачкиот лост (14) и
проверете дали е постигната посакуваната сила на
затегнување.
Транспорт (види слика Z)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Притиснете ја лизгачката рачка (33) целосно наназад
и фиксирајте ја во оваа позиција.
– Проверете дали граничникот за длабочина (27) е
притиснат целосно навнатре и завртката за
подесување (26) при движењето на лизгачката рачка
минува низ отворот без да го допре граничникот за
длабочина.
– Водете ја лизгачката рачка надолу додека
транспортниот осигурувач (34) целосно не се
притисне навнатре
– Повлечете ги продолжетоците на масата за пила (8)
целосно навнатре.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières