Bosch GCM 18V-305 GDC Professional Notice Originale page 413

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 18V-305 GDC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 49
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (52) и
одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (53) во правец на стрелките на часовникот (лев
навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (54).
– Извадете го сечилото за пилата (43).
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (55).
– Поставете ги стезната прирабница (54) и завртката со
внатрешна шестаголна глава (53). Притиснете ја
блокадата на вретеното (52), додека не се вклопи и
затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Олабавете го лостниот механизам од завртката за
прицврстување и повторно поместете го
осцилаторниот заштитен капак (5) надолу.
– Повторно поставете ја покривната плоча под завртката
за прицврстување .
– Повторно затегнете ги завртките за прицврстување и .
– Вратете го лостниот механизам во првобитната
позиција и повторно рачно затегнете ја завртката за
блокада .
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Транспортен осигурувач (види слика A)
Транспортниот осигурувач (34) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу рачката на алатот (33) за
дршката (1), за да го ослободи транспортниот
осигурувач (34).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (34).
– Полека водете ја лизгачката рачка (33) нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Притиснете ја лизгачката рачка (33) целосно наназад
и фиксирајте ја во оваа позиција.
Bosch Power Tools
– Водете ја лизгачката рачка надолу додека
транспортниот осигурувач (34) целосно не се
притисне навнатре.
Останати напомени: Транспорт
Блокирајте ја лизгачката рачка
Лизгачкиот механизам на лизгачката рачка (33) може да
се блокира со помош на затегнувачкиот лост (24).
Притоа можни се две позиции на лизгачката рачка:
– Лизгачката рачка е поместена сосема наназад (за
сечење со отсекување)
– Лизгачката рачка е повлечена нанапред (за компактна
позиција за транспорт)
Деблокирање на лизгачката рачка (види слика B1)
По деблокирање на лизгачката рачка (33) комплетниот
лизгачки механизам е подготвен за работа.
– Притиснете го затегнувачкиот лост (24) надолу до
крај.
– Затегнувачкиот клин на затегнувачкиот лост ги
ослободува двата долни дела на зглобот на лизгачката
рачка.
Осигурување на лизгачката рачка (види слика B2)
Лизгачката рачка е поместена сосема наназад:
– Притиснете ја лизгачката рачка (33) наназад до крај.
– Двата горни дела на зглобот на лизгачката рачка сега
се во исправена позиција и затворени.
– Повлечете го затегнувачкиот лост (24) нагоре додека
затегнувачкиот клин не се позиционира помеѓу двата
долни дела на зглобот на лизгачката рачка.
– На тој начин ќе се блокира лизгачката рачка (33) која е
поместена наназад.
Лизгачката рачка е повлечена целосно нанапред:
– Повлечете ја лизгачката рачка (33) до крај нанапред.
– Сега лизгачкиот механизам е комплетно извлечен.
– Повлечете го затегнувачкиот лост (24) нагоре додека
затегнувачкиот клин не се позиционира помеѓу двата
долни дела на зглобот на лизгачката рачка.
– На тој начин ќе се блокира нанапред поместената
лизгачка рачка (33).
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика C)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на левата и десната
страна со помош на продолжетоците (8).
– Преклопете го затегнувачкиот лост (56) навнатре.
– Повлечете го продолжетокот на масата за пила (8) до
посакуваната должина нанадвор (максимум 250 mm).
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно притиснете го затегнувачкиот лост (56)
нанадвор.
Поместување на граничната водилка (види слики D–
E)
Македонски | 413
1 609 92A 5HG | (08.04.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières