Македонски
694
Важно
Опасност
Предупредување
Пред да го користите апаратот, внимателно прочитајте ја оваа брошура со
важни информации и зачувајте ја за идни потреби.
За да обезбедите најдобри перформанси, проверете дали фирмверот на
вашиот апарат е надграден со најновата верзија. Оваа надградба можете да
ја извршите преку апликацијата Air+.
-
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се инсектициди
или парфеми околу апаратот.
-
Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга течност или
(запалив) детергент за да се избегне опасност од струен удар и/или
пожар.
-
Водата во резервоарот не е за пиење. Немојте да ја пиете оваа вода,
немојте да ја давате на животни или да ја користите за наводнување
растенија. Истурајте ја водата во одвод кога го празните резервоарот за
вода.
-
Имајте предвид дека високите нивоа на влажност може да поттикнат
развој на биолошки организми во опкружувањето.
-
Не дозволувајте површината околу овлажувачот на воздух да се навлажи
или намокри. Ако се појави влага, намалете ја јачината на овлажувачот
на воздух. Ако јачината на овлажувачот на воздух не може да се намали,
користете го овлажувачот повремено. Не дозволувајте апсорбирачките
материјали, како што се ќилими, завеси, драперии или чаршафи, да се
навлажат.
-
Никогаш не оставајте вода во резервоарот кога апаратот не се користи.
-
Испразнете и исчистете го овлажувачот на воздух пред да го складирате.
Исчистете го овлажувачот на воздух пред следната употреба.
-
Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на
апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
-
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да го замени
компанијата Philips, односно сервисен центар овластен од Philips или
лица со соодветни квалификации за да се избегне опасност.
-
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
-
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се надгледуваат или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Децата не
смеат да го чистат или да го одржуваат апаратот без надзор.
-
Немојте да ставате прсти или предмети во излезот или влезот за воздух
за да спречите повреди или дефект на апаратот.
-
Внимавајте да не паднат надворешни предмети во апаратот преку
излезот за воздух.
Македонски