Bosch GCM 8 SJL Professional Notice Originale page 298

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 8 SJL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 35
298 | Македонски
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (51).
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (13) на
саканата должина.
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика O)
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина (31) кон надвор.
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во
саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (4), додека крајот
на завртката не го допре граничникот за длабочинa
(31).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика P1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со
дршката (9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот за обработка.
1 609 92A 5U7 | (14.09.2020)
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (38).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување (види слика P2)
– Свртете ја завртката за подесување (53) со соодветен
одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави
рамно по целата должина на линијата на сечење на
делот што се обработува.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика Q1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (16).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (12).
Подесување (види слика Q2)
– Олабавете го затезниот лост (39).
– Притиснете го граничникот (42) сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (55) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затезниот лост (39).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник (55).
Доколку по подесувањето, агломерот (41) не е во линија
со 0° ознаката на скалата (40) олабавете ја завртката (54)
со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по
должина на 0° ознаката.
Вертикален стандарден агол на закосување 45°
(десно)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (16) до жлебот (25) за 0°.
Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Свртете го граничникот (29) целосно нанапред.
– Олабавете го затезниот лост (39).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево,
додека завртката-граничник (56) не налегне на
граничникот (29).
Проверка (види слика R1)
– Поставете го аголното мерило 45° и ставете го на
масата за пила (16).
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières