Bosch GCM 8 SJL Professional Notice Originale page 294

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 8 SJL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 35
294 | Македонски
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Надворешно всисување
За всисување, на исфрлувачот на струготини (2) може да
приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
– Поврзете го цревото за всисување на прав со
исфрлувачот на струготини (2).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика
b1−b4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(44) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (33) и истовремено притиснете ја блокадата за
вретеното (43), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (43) и
одвртете ја завртката (44) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (45).
– Навалете го заштитниот капак со повратен механизам
(11) до крај наназад.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (12).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
1 609 92A 5U7 | (14.09.2020)
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (11) до
крај наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (46).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (45) и завртката
(44). Притиснете ја блокадата на вретеното (43),
додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика A)
Транспортниот осигурувач (36) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (9),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (36).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (36).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (32), ако го
заглавува механизмот за влечење (1). Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– Завртете ја завртката за подесување (4) сосема
нагоре.
– За фиксирање на масата за пила (16) затегнете го
копчето за фиксирање (21).
– Повлечете го кракот на алатот на рачката (9) надолу,
додека транспортниот осигурувач (36) целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика B)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на левата и десната
страна со помош на продолжетоците (13).
– Преклопете го нагоре затегнувачкиот лост (17).
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за
пила (13) до саканата должина.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières