Bosch PPS 7S Mode D'emploi page 315

Masquer les pouces Voir aussi pour PPS 7S:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
OBJ_BUCH-1259-004.book Page 315 Thursday, November 6, 2014 10:45 AM
Означување на линијата на сечење
(види слика M)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на листот
за пилата. Со тоа можете предметот за обработкотка и
шината на граничникот 36 да ги позиционирате точно за
сечење.
Пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е
точно прикажана (види „Подесување на ласерот", страна
311). Ласерскиот зрак може да се помести на пр. со
вибрации при интензивна употреба.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот 44.
– Насочете Вашето означување на предметот за
обработка долж ласерскиот зрак.
Поставка на универзалниот граничник
 При секое сечење Вие морате да се осигурате, дека
листот на пилата не може во никој случај да ги
допира граничниците (лизгачката шина 31 или
шината на граничникот 36 на универзалниот
граничник) или други делови на уредот.
Универзалниот граничник 1 зависно од видот на употреба
може различно да се користи:
– како граничник на косина или аголен граничник при
употреба како столна пила со лизгачка функција,
– како паралелен граничник при употреба како столна
кружна пила.
Употреба на универзалниот граничник како граничник
на косина или аголен граничник (види слика N1)
– Монтирајте го универзалниот граничник 1 лево или
десно на столот на пилата 7 или на продолжетокот на
столот 27. (види „Монтирање на универзалниот
граничник", страна 312)
Напомена: При сечење на вертикалните агли на
закосувањето универзалниот граничник треба да се
монтира десно од листот на пилата.
– Монтирајте ја шината на граничникот 36 зависно од
големината на предметот за обработка и според
поставениот вертикален агол на закосување на крај
или рамно на универзалниот граничник 1. (види
„Монтирање на шината на граничникот на
универзалниот граничник", страна 312)
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување (Универзален граничник)",
страна 314)
– Проверете, дали шината на граничникот 36 е надвор од
опсегот на сечење.
По потреба олабавете ги пеперутка завртките 34,
поместете ја шината на граничникот 36 и зацврстете ја
пеперутка завртката 34 повторно.
Напомена: За да се избегне завртување или
пролизгување на предметот за обработка, растојанието
помеѓу листот на пилата 28 и шината на граничникот
може да биде 36 максимално 15 mm.
Bosch Power Tools
Употреба на универзалниот граничник како паралелен
граничник (види слика N2)
– Монтирајте го универзалниот граничник 1 лево или
десно на столот на пилата 7 или на продолжетокот на
столот 27. (види „Монтирање на универзалниот
граничник", страна 312)
Напомена: При сечење на вертикалните агли на
закосувањето универзалниот граничник треба да се
монтира десно од листот на пилата.
– Монтирајте ја шината на граничникот 36 зависно од
големината на предметот за обработка и според
поставениот вертикален агол на закосување на крај
или рамно на универзалниот граничник 1. (види
„Монтирање на шината на граничникот на
универзалниот граничник", страна 312)
Напомена: Предметите за обработка може да се
заглават помеѓу паралелниот граничник и листот на
пилата при сечењето и да ги зафати и исфрли листот за
пилата којшто се движи нагоре.
Затоа поставете ја шината на граничникот 36 на тој
начин што нејзиниот лизгачки крај завршува во опсегот
помеѓу средината на листот н апилата и клинот за
расцепување.
Олабавете ги пеперутка завртката 34, поместете ја
шината на граничникот и потоа повторно зацврстете ја
пеперутка завртката.
– Поставете хоризонтален агол на закосување од 0°.
(види „Подесување на хоризонталниот агол на
закосување (Универзален граничник)", страна 314)
– Олабавете ја пеперутка завртката 37 и поместете ја
лизгачката шина 31 до посакуваното растојание.
Скалата 14 го покажува растојанието помеѓу листот на
пилата и шината на граничникот.
– Зацврстете ја пеперутка завртката 37 повторно.
Подесување на клинот за расцепување
Клинот за расцепување 4 спречува, да листот на пилата 28
се заглавува во засекот. Во спротивно постои опасност на
повратен удар, доколку листот на пилата се закачува на
предметот за обработка.
Затоа секогаш внимавајте, клинот за расцепување да биде
правилно поставен:
– Радијалниот процеп помеѓу листот на пилата и клинот за
расцепување може да биде максимално 5 mm.
– Дебелината на клинот за расцепување мора да биде
помала од ширината на сечењето и поголема од
основната дебелината на листот.
– Клинот за расцепување мора секогаш да биде во една
линија со листот на пилата.
– За нормални сечења за раздвојување клинот за
расцепување мора секогаш да биде во највисоката
можна позиција.
Електричниот алат се испорачува со правилно поставен
клин за расцепување.
Македонски | 315
1 609 92A 0VR | (6.11.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières